Владимир Панчевски: Почитување екселенцијо

Владимир Панчевски и се обрати на американската амбасадорка на својот Фејсбук профил. Го пренесеуваме во целост:

Почитување екселенцијо,
Огромна благодарност за вашата поддршка кон “мојата држава”, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во која се родив во која се родиле и живееле моите родители сега и моите деца, не знам до кога но сега во едно сум сигурен, знам дека вие ја сакате и повеќе од нас родените тука, тоа се докажа до сега со многу примери запишани во нашата перцепција изминативе години, не дека тоа е природно бидејки не ви е татковина, но така е бидејки ви се може. Ефтино си купите уште една играчка повеќе во вашите раце, но ете и тоа ќе остане само моја перцепција, можеби перцепција на свесните колку и да останаа такви во оваа бивша, именувана и преименувана држава. Никогаш северна само МАКЕДОНИЈА!!!
Го знам чувството кое го имате, потсетува на детските игри од типот монопол и ризико, но таму има пластични фигурички кои овде се реални луѓе, судбини, имоти и животи, кариери реални постоечки. Сигурен сум екселенцијо дека моќта да се игра со туѓи животи ви дава адреналин повеќе и ви го разубавува животот да одлучувате како ќе ги изменаџирате овие живи фигурички за да се постават вештачките кризни ситуации да влијаете, но како виртуози на играта да не се вмешувате, тоа се сите оние начини за менаџмент на власт и превласт, ситуации на мајоризација и миноризација, државотворен народ и малцинство, концепт на граѓани – “ено опшество за сите” искажано од устата на најголемата будала што историјата на Македонија ќе ја памети, народот маргинализиран од државата безгласен, уценет и под јаремот на тие што ја управуваат ставени како подобни фигурички. Народот и државата овде ја изгуби својата исконска функција стана небитен да одлучува за себе, а малцинството стана фактор, интересни противречни вредности на демократија, нешто како “Стејткрафт” вие верувам знаете и подобро, а знае и еден ваш поранешен колега Дејвид, играта е интересна психолошка и се игра на фактор време, за вас времето е вечност, а за нас време од нашите животен век!


Верувам екселенцијо посебно е интересно и со леснотија се игра со еден мал народ, таму не се потребни војни и жртви, не треба многу големи трошоци за скапи воени акции иако парите не се некој проблем бидејки овде секој и се може да се купи и се е на продажба, чест на малубројните исклучоци. Парламентот стана лотарија каде се внесоа огромни влогови само што тука “седмицата на лото” стана “8-ка квалификувани пратеници”, во пазарот на играта кој ќе се спаси и кој кого ќе надитри и победи, народот повторно небитен иако нели парламентот го претставува народот оној нели референдумски народ – непризнаен изманипулиран. Но сепак за вас честитки во менаџментот и сесрдната поддршка, па ова е само обична игра животна симулација како се става “all in” и гордост и традиција и минато и постоење, тоа правдата на посилниот, така е е кога си мал небитен, минорен, а борците за човекови права те третираат како закана, терорист, националист и опасност за светскиот мир, заради тоа тука е балансот на Бадентер, обвинителот во џеб, судството во АКМИС, а медиумите на платен список што ќе зготват народот и во име на народот самиот ќе го срка бидејки е беспомошен оставен сам секој поединечно како човек немоќен да се обедини и организира за да се бори за универзалните човекови права кои исконски и припаѓаат на секоја единка
Да не должам и да не ви го одземам времето со мојата перцепција ценета екселенцијо, уште еднаш ви благодарам за поддршката со цитирањето на сите овие закони кои ги наброивте како “крик” на демократијата во последен миг, бидејки нашата “перцепција” како граѓани не изненади ревносната ефикасност на парламентарниот состав во последен ден од своето постоење да донесе толку важни закони за кои јавноста ги знае само називите на законите но не и содржината, а кои закони како8-ка на лото ќе важат за нас граѓаните и ќе се применуваат врз нас, но верувам со време на своја кожа ќе изградиме перцепција и за нив па перцепцијата дека се донесени незаконито, шверцерски и мафијашки ќе остане само “перцепција” бидејки овие закони всушност ќе ни дадат иднина и перспектива!


Се надевам дека ваквата перцепција на граѓаните за вашата поддршка на сите случувања во државата го мери само индексот на перцепција за тоа дека вие давате поддршка на процесите и таа перцепција во суштина не значи вмешување во сувереноста и интегритетот на една држава, народ и нација.
Се надевам дека перцепцијата за тоа дека мафијата и државата се едно е само перцепција и ништо повеќе.
Секако ние граѓаните имаме избор, но тој избор не се и нема да бидат монтирани парламентарните избори со убави идилични фотографии од пејсажи со овци кои одат на гласање пропратени од екипите на ОБСЕ, народот и чесните граѓани имаат многу повеќе избор во животот бидејки нивниот живот е само еден и им припаѓа само на нив и на нивните семејства за кои работат и живеат. Лекциите за хибридните игри монопол и ризико ги научивме и ги учиме, изборот сами го правиме!
На крајот кога ни дома во сопствената држава немаш мир и спокој од перцептивно демократска коруптивна држава, некој ќе се исели, друг ќе се помири, трет ќе бојкотира, четврт ќе се откаже бидејки неможе и нема да прифати во сопствениот живот да глуми живот на фигуричка во туѓи раце … а овде, овде, ете им обвинителства, ете им функции, јазици, рамковни, добрососедски, ете им територија, само играчите и стратезите нека бидат исполнети и среќни!
Тоа е мојата перцепција, се надевам не ве навредува на било каков начин бидеји е само перцепција, а вие подобро знаете каква е реалноста!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.