Пандов: Граѓаните нема да прифатат функционери кои се заговорници на „Тиранската платформа“

Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ укажуваат дека на граѓаните им е неприфатливо на раководни функции да бидат назначувани луѓе кои се немаат откажано од „Тиранската платформа“, дури повеќе, луѓе кои што гласно ја пропагираат и заговараат.Ваков е ставот на политичкиот аналитичар Александар Пандов во однос на информацијата дека Талат Џафери ќе биде назначен за нов претседател на Собранието на Република Македонија.
Додаде дека  ВМРО, ќе  направи сè што може за да се спречи таков развој на политичките настани, а што се однесува до тоа Заев и албанските партии да состават Влада без мандат, Пандов смета дека ваквиот потег би бил неприфатлив.
„Ниту еден граѓанин на Република Македонија не смее да дозволи формирање Влада без мандат од претседателот. Имаме ситуација кога имаме човек како мандатар во обид, верувам дека ќе остане во обид, зашто првата пречка да се оствари тоа е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Иванов во даденава ситуација е во право. Ги брани државата, суверенитетот и интегритетот и нема причина да попушти“, рече Пандов.
Во интервју на ТВ НОВА аналитичарот спомена и дека граѓаните кои гласале за СДСМ, не гласале за тиранска влада, па истата не требаше да биде тема за преговори. Во врска со платформата додаде и дека со неа  се погазува и Рамковниот договор кој произлезе по воен конфликт, а во кој што јасно се имплементирани сите етнички права на Албанците.
Пандов посочи и дека нови избори се единствено решение на политичката криза.Ваков е ставот на политичкиот аналитичар Александар Пандов во однос на информацијата дека Талат Џафери ќе биде назначен за нов претседател на Собра

Пронајдете не на следниве мрежи: