Пандов: Неопходно е отфрлање на Тиранската платформа и распишување на нови избори

Организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ и луѓето кои се таму велат дека ќе протестират до моментот додека не биде отфрлена Тиранската платформа, а се бара отфрлање и од страна на луѓето кои се кандидираат за врвни функции во Република Македонија, истакна политичкиот аналитичар Александар Пандов во анализа за политичката ситуација во информативниот блок на ТВ НОВА.„Во моментов во Собранието се избира комисија којашто ќе предложи претседател на Собранието, што по Устав е втора функција по важност. Луѓето кои се излезени на улица не сакаат да слушнат за Тиранска платформа што е носечка платформа помеѓу СДСМ и Албанските партии, главен услов за потписи. Секој од потписниците од страна на Албанците тврдеше дека ултимативно било разговарано со Заев, Шекеринска и Шилегов за платформата и добиле позитивни сигнали од СДСМ, односно добиле уверување дека точка по точка ќе го спроведат сето она што можат да го спроведат. Протестите се оправдани и верувам на крајот СДСМ и Заев ќе мора да се повлечат од таа Тиранска платформа, а како крај на оваа криза мораме да дојдеме до нови избори. Не постои земја во светот, политичка криза што не завршила со вонредни избори. Резултатите од 11-ти декември, дополнително зајакнати со Тиранската платформа укажуваат дека мораме да излеземе на нови избори“, истакна Пандов.„Во моментов во Собранието се избира комисија којашто ќе предложи претседател на Собранието, што по Устав е втора функција по важност.

Пронајдете не на следниве мрежи: