Пандов: Заев е свесен дека ја губи поддршката од гласачите

ВМРО-ДПМНЕ има еден квантум на 400 илјади гласови, а феномен и шок беа 60-80 илјади албански гласови за СДСМ, гласови коишто никогаш не ги имал СДСМ, а Заев сега е свесен дека ја губи поддршката и кај албанските и кај македонските гласачи, рече во гостувањето во вестите на ТВ Нова политичкиот аналитичар Александар Пандов.„Со албанската платформа и секое нивно „дали уставните експерти треба да утврдуваат“, а од друга страна со полни грла Али Ахмети и останатите Албанци говорат дека албанската платформа е таа што ќе донесе граѓанско општество во Македонија, Заев губи кај албанските гласачи и тие се насочуваат кон албанските партии“, вели Пандов.
„Оттука мислам дека Зоран Заев не е спремен сега, свесен е дека губи и кај албанските и кај македонските гласачи. Секој еден којшто имаше дилема околу неговата национална определба, околу неговиот граѓански карактер на кампања и водење на политика, сега веќе мислам дека ги има отстрането и свесен е дека е тој само еден мапет на некои странски амбасадори коишто тука роварат низ Македонија, односно човек којшто е подготвен да ја продаде душата и на ѓаволот за да се добере до власт“, рече Пандов.„Со албанската платформа и секое нивно „дали уставните експерти треба да утврдуваат“, а од друга страна со полни грла Али Ахмети

Пронајдете не на следниве мрежи: