ПАНИКА во Тетово: Во автомобилот им влегла змија!

Змија во автомобил синоќа го привлече вниманието на тетовчани. Поголема група граѓани во центарот на градот се собрале околу автомобилот откако забележале змија долга околу 40 сантиметри во неговата внатрешност, јавуваат медиумите.Веднаш била повикана екипа од Противпожарната единица во Тетово која интервенира во вакви случаи. Автомобилот од безбедносни причини со помош на пајак служба е пренесен во седиштето на Противожарната единица каде што змијата била отстранета и пуштена на слобода.
– Апелираме до сите граѓани доколку имаат вакви проблеми, сега кога темепратурата е покачена, да ни се обратат за стручно мислење и совети да помогнеме колку што можеме за нивно отстранување од куќите или автомобилите, вели Бобан Трпковски заменик командир на ТППЕ Тетово.
Од Притивпожарната единица велат дека нема начин како граѓаните да превенираат вакви случај, бидејќи змиите се влекачи и многу често успеваат да влезат во автомобилите, најчесто за време на излети и престој во природа. Истакнуваат дека во таква ситуација граѓаните веднаш да треба да се обратат до надлежните.Веднаш била повикана екипа од Противпожарната единица во Тетово која интервенира во вакви случаи. Автомобилот од безбедносни причини со помош на па

Пронајдете не на следниве мрежи: