Папата е „Божји непријател“ и „амбасадор на Сатаната“

Атентаторот на папата Иван Павле II, Турчинот Али Агџа, по повод посетата на папата Фрањо на Турција, изјави дека тој е „Божји непријател“ и „амбасадор на Сатаната“, пренесоа турските медиуми.Агџа, кој во 1981 година изврши атентат над папата Иван Павле II, изјави дека го замоли Ватикан да оствари средба со Фрањо, но не добил никаков одговор. Сега повеќе и не сака да разговара со него.
Кога го прашале за можните ризици од посетата на папата на Турицја, Агџа изјави дека еден куршум чини десет турски лири, а тој смета дека животот на папата не чини „ниту пет лири.“
Папата Фрањо отпатува за Турција на тридневна посета, со која сака да го поттикне помирувањето со Православната црква, да го зајакне дијалогот со исламот и да го осуди прогонот на христијаните на Блискиот Исток.
Да потсетиме, Агџа (56), во 1981 година изврши атентат на папата Иван Павле II, испалувајќи повеќе куршуми од пиштолот. Во последните неколку години тој често се истакнувал со необични изјави. Меѓу другото, тој еднаш спомнал дека е Месија.Агџа, кој во 1981 година изврши атентат над папата Иван Павле II, изјави дека го замоли Ватикан да оствари средба со Фрањо, но не добил никаков одг

Пронајдете не на следниве мрежи: