Паркети денес го промовираат новиот сингл „Авантура“

Битолската рокен рол атракција Паркети денес го промовираат новиот сингл „Авантура“. Комплетен автор на песната е Дј-от и продуцент Ерик Фокс, додека текстот го напишаа сите паркети заедно.Песната е во алтернативен рок и е во својствен стил за бендот, за кој се планира веднаш следната недела да се сними и видео спот во Битола.
-Ерик ја даде идејата да биде нешто во врска со авантура и бидејќи е добро дете, ние радосно прифативме да направиве заедничка соработка. Инаку од последниот албум наречен „ПАРКЕТИ“, кој го издадовме на почетокот на оваа година, извадивме три синглови со спотови за „Lover boy”, „Blondie” и „Дај љубов” и таман паднавме во летаргија дека нема да имаме некој комерцијален успех, ете можеби оваа кармичка соработка ќе го промени тоа“, изјави низ смеа Сашо Паркет.
Интересно е тоа што овој бенд веќе цели 24 години опстојува на музичката сцена и е оформен точно на 8-ми септември 1991 година, Денот на роденденот на нашата република. Неделата на референдумот е дадено името на бендот, а од оваа година бендот има и свој грб.

До промоцијата на видео записот уживајте во песната…
https://soundcloud.com/kirilzarlinov/parketi-avanturaПесната е во алтернативен рок и е во својствен стил за бендот, за кој се планира веднаш следната недела да се сними и видео спот во Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи: