„Паркобранителите“ од пред Бристол никаде ги нема кога се садат 100 нови дрвја

Паркобраните од пред Бристол, кои наводно се бореа за дрвјата и зеленилото, не собраа храброст да ја поздрават одлуката на градските власти за уредување на новиот Парк на 100 дрвја.
 Листопадни и зимзелени дрвја, јавори, смреки, јапонска цреша, чепмреси и други видови ќе бидат засадени во новиот парк на сто дрвја, кој ќе никне помеѓу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Народен Фронт.
Ова вчера го најави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој рече дека новиот парк на сто дрва ќе даде подобра слика за Скопје.
„Нема да запреме со раззеленување на градот Скопје и се надеваме дека овој парк ќе даде подобра слика за градот и ќе овозможи подобра животна средина“, истакна Трајановски.
Интересно е тоа што паркобраните кои протестираа пред хотелот Бристол, сега немаат доблест да ја поздрават ваквата одлука на Трајановски, со што дополнително се потврдуваат тезите дека нивните протести имаа политичка позадина, а не станува збор за вистинска еколошка грижа.
И додека оние кои протестираа кај Бристол ја поздравија одлуката на Изет Меџити за паркот во Чаир, сега тие истите молчат кога градските власти носат одлука за садење на сто дрва помеѓу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Народен Фронт.
Курир.мкЛистопадни и зимзелени дрвја, јавори, смреки, јапонска цреша, чепмреси и други видови ќе бидат засадени во новиот парк на сто дрвја, кој ќе никне п

Пронајдете не на следниве мрежи: