Партнерите повеќе се расправаат кога се гладни

Зачудувачки е како гладта влијае на вашите односи со партнерот. Празниот желудник не може да го нахрани мозокот, па самоконтролата во тие моменти е доста тешка работа.Иако често се вели како не треба да си легнеме лути навечер, изгледа подобро ќе звучи да не почнеме расправија гладни.
Главната причина е тоа што кога сме гладни, мозокот не ги добива потребните хранливи материи од желудникот, па затоа полесно „ни пука главата“.

 
Научниците кај парови го мереле нивото на шеќер во крвта наутро и навечер. Паровите со пониско ниво на шеќер во крвта повеќе се расправале меѓу себе. Пламнувањето и збеснувањето е поизразито на празен стомак и кај парови кои веруваат дека одлично се сложуваат.
Затоа секогаш гледајте да се најадете, па да зборувате за секојдневните проблеми. Колку и да е итна расправијата, одложете ја за времето по ручекот или по вечерата.
 Иако често се вели како не треба да си легнеме лути навечер, изгледа подобро ќе звучи да не почнеме расправија гладни.
Глав

Пронајдете не на следниве мрежи: