Вчера сабајле 30-тина патници на Берово-Транс Берово останале без превоз во Берово.Од информациите добиени од наш читател кој бил на лице место, иако првично добиле информација дека автобусот кој тргнува во 10:15 на линија Берово-Скопје ќе тргне можеби и со задоцнување подоцна им било соопштено дека автобусот нема да тргне без да добијат некое логично објаснување.Доста дрски одговори, без конкретни информации, по телефон добиле од вработена во автобуската станица и неколку патници кои чекале на постојка во близина на полициската станица.Според информациите од АМСМ за вчерашната состојба на патиштата на делницата Берово-Виница се препорачуваше внимателно возење, останатиот дел до Скопје е прооден.Причините за нетргнување на автобусите, според информациите од нашиот читател, се техничка неспремност на автобусите на компанијата за возење во зимски услови како и неискусните возачи.За да цела оваа приказна биде уште потрагикомична од компанијата не знаат ниту денес дали нивните автобуси ќе сообраќаат на релација Берово-Скопје.Од наши извори дознаваме дека останатите 2 компании за превоз на патници од Берово и Пехчево редовно ги одржуваат своите линии кон Скопје.За крај сакаме да запрашаме дали на туристите кои планирале да се вратат во Скопје вчера, а по вина на Берово-Транс останале во Берово, ќе им бидат покриени трошоците за дополнително сместување додека се создадат услови за редовно одржување на редовно регистрираните линии на Берово-Транс?Од информациите добиени од наш читател кој бил на лице место, иако првично добиле информација дека автобусот кој тргнува во 10:15 на линија Берово-
Пронајдете не на следниве мрежи: