Патниците од малезискиот авион биле мртви уште пред тој да падне…

Патниците и членовите на исчезнатиот малезиски авион MH370 најверојатно умреле од гушење и авионот кој бил управуван од автоматски пилот паднал со нивните безживотни тела во океанот, беше објавено денеска во најновиот извештај на австралиските власти.Во извештајот на австралиската управа за безбедност на воздушниот сообраќај на 55 страница, истражувачите навеле дека до тој заклучок дошле споредувајќи го овој лет со поранешни несреќи, но дека немаат никави информации кои би ги поддржале нивните тврдења.
Во извештајот се наведува дека имало проблем во комуникацијата и планот на летање, како и за тоа дека имало некои „нестандардни“ околности околу несрќата.
Тоа укажува дека авионот се срушил појужно во Индискиот океан, а не како што се претпоставувало, велат австралиските стручњаци кои сметаат дека подрачјето на потрага треба да се промени јужно од местото каде што досега се пребаруваше.
Новото приоритено подрачје кое што треба да се пребарува е западно од Перт во изолиран дел на океанот во кој често има големи  бури со јаки ветрови.
Новата фаза на потрагата би требало да започне во август и да трае една година, а во неа треба да се покрие подрачје од околу 60.000 квадратни километри.
Новата истрага по авионот ќе чини повеќе од 56 милиони  долари.
 Истражувањата укажуваат на тоа дека малубројните докази упатуваат на тоа дека авионот намерно скршнал 1000 километри. од предвидената рута, пред  најверојатно да се сруши во Индискиот океан.Во извештајот на австралиската управа за безбедност на воздушниот сообраќај на 55 страница, истражувачите навеле дека до тој заклучок дошле спореду

Пронајдете не на следниве мрежи: