Патот до шест различни оргазми!

Сите веќе знаеме дека жените можат да постигнат клиторичен и вагинален оргазам. Но, една дама тврди дека постојат шест различни видови на оргазам.Трејси Кокс, писателка која се занимава со темите секс и љубов вели дека постои клиторичен, вагинален,комбиниран, активен, повеќекратен и продoлжен. Ви ги претставуваме секој од нив.
Клиторичен оргазам
Ова е вид на оргазам кој мажите и жените најдобро го знаат, но сепак не треба да се потценува неговата моќ. Поголемиот дел од жените најлесно го постигнуваат во поза во која таа е горе. “Жените би требало да ги научат своите партнери кој вид на притисок и ритам им одговара, за полесно да можат да ги доживеат и со други пози,” советува Кокс. Oргазам на Г – точка
Стручњаците се сложуваат дека жените кои доживуваат вагинални оргазми чувствуваат длабока стимулација на предниот вагинален ѕид на кој се наоѓа, таканаречената Г – точка, составена од заплет на нервни завршетоци.За да ги зголемат своите шанси и да доживеат вагинален оргазам, на вашата партнерка ставете и две перници под задникот додека сте во мисионерска поза. Иако оваа поза се смета за досадна, таа е најделотворна за постигнување на ова задоволство.
Комбиниран оргазам
Станува збор за спој на клиторичен и вагинален оргазам, кој обично се постигнува со истовремена стимулација на двете точки. “Започнете со мисионерска поза, а потоа подигнете ги нејзините нозе на вашите рамена. Тоа ќе ви даде подобар до нејзината Г – точка, а ќе можете да ѝ го стимулирате клиторисот,” советува Кокс

 
Aктивен оргазам
Станува збор за самиот завршеток на било кој вид на оргазам. Во моментот пред достигнување на врвот на задоволството жената треба поблиску да се доближи до мажот, со што ќе ги активира мускулите на дното на карлицата. Тоа ќе резултира со уште поинтензивен оргазам.
 

Повеќекратен оргазам
Бројните сексуални терапевти имаат различни теории за начините на достигнување на повеќекратен оргазам, но сите се сложуваат за тоа дека се потребни различни облици на стимулација, но и трпение.”Обидете се да имате секс во кој постојано ќе го одложувате оргазмот, така што во моментите пред самиот оргазам, застанете и променете ја позата или видот на стимулација. Тоа правете го сѐ додека не бидете исцрпени и не можете повеќе да издржите”, вели Кокс.
Продолжен оргазам
За постигнување на овој вид на оргазам потребно е многу искуство и пракса, најмногу кај мажот. Тој мора да издржи голема напнатост за партнерката неколку пати да ја доведе до ивицата на оргазмот, а потоа контролирано да се опушти.Ваквиот вид на оргазам бара секс со намалено темпо, а самиот оргазам кој следува е со интензитет послаб од вагиналниот и клиторичниот. Сепак, неговата предност е што трае подолго од просечните 15 секунди, дури и до неверојатна минута.
Извор: Lady.mk
 Трејси Кокс, писателка која се занимава со темите секс и љубов вели дека постои клиторичен, вагинален,комбиниран, акти

Пронајдете не на следниве мрежи: