Холивудската актерка Патриша Аркет (46), освои Златниот глобус и воедно изјави дека конечно може да здивне што остарела во филмот „Детство“, бидејќи нејзиниот ангажман барал големи финансиски одрекувања.Аркет искрено прозборе за притисоците со кои се соочуваат актерките за да го задржат младешкиот изглед и изјави дека ѝ е многу драго што во филмот можела да го претстави своето вистинско лице.
„Идејата е во тоа што светот очекува од вас засекогаш да останете млади. Не се важи тоа ако сакате да ѝ се посветите на кариерата. Се обидував да се ослободам од тие стеги во текот на годините. Морам да остарам, зарем не разбирате. Ми треба простор да се развивам, да стареам и да бидам човек“, изјави Аркет во интервју за New York Times.
Во друго интервју, Аркет открила дека поради филмот „Детство“, морала да трпи големи финансиски одрекувања.
„Важно ми е да заработам за живот од актерството, но повеќе пари одвоив за дадилката и за лицето кое ми ги шеташе кучињата, отколку што заработив за живот. Телевизијата ви овозможува да заработите за живот, да ги храните децата и да ги испратите на студии. Луксуз е да изберете работа која вам ви е важна“, изјави Аркет.Аркет искрено прозборе за притисоците со кои се соочуваат актерките за да го задржат младешкиот изглед и изјави дека ѝ е многу драго што во филмот



