Патувањето на еден слон, Жозе Сарамаго

Со задоволство ве информираме дека Издавачкиот центар ТРИ штотуку го објави првиот македонски превод на култното дело на Жозе Сарамаго Патувањето на еден слон (2008). Преводот од португалскиот изворник е дело на Наташа Сарџоска, а изданието е дел од едицијата Соѕвездие, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија.Патувањето на еден слон е волшебна приказна проткаена со мудрост и хумор за трајноста на пријателството и за минливоста на славата. Во 1551 г. португалскиот крал Жоао III решава да му прати на австрискиот надвојвода Максимилијан невообичаен свадбен дар: слонот Соломон. Одеднаш сите се растрчуваат да ги подготват слонот и неговиот чувар Субхро. Необичната свита и кралската гарда го изминуваат целиот континент опустошен од реформацијата и граѓанските војни, низ попатните сведоштва на зналците, историчарите и оџагорените обични луѓе. Карванот се пробива низ древните градови на северна Италија; храбро се искачува по Алпите и стравотните теснини Исарко и Бренер; преку Средоземно Море, па пругоре по реката Ин, и најпосле пристигнува пред величествената порта на царска Виена…
Патувањето на еден слон е сказна богато проникната со иронија и емпатија, проткаена со духовити размисли за човечката природа, едно значајно толкување на моќта која го навредува човековото достоинство.
Личноста на Жозе Сарамаго не бара особен вовед – неговите достигнувања говорат доволно гласно за исклучителните квалитет на овој автор. Тој е добитник на Нобеловата награда за книжевност (1998) и на уште неколку клучни светски признанија, а во 2002 година од редакцијата на „Гардијан“ беше окарактеризиран како „најзначајниот жив романсиер“. Неговиот опус е исклучително богат, а многу од неговите романи се достапни во преводи на 25 светски јазици, вклучувајќи го, од ова лето, и македонскиот. Но талентот на Сарамаго не е воопшто ограничен со рамките на книжевното творештво – тој бил активист и борец за човекови права, преведувач и препејувач на исклучително значајни филозофи, поети и писатели (вклучувајќи ги Хегел, Мопасан, Бодлер, Толстој), како и книжевен критичар.Патувањето на еден слон е волшебна приказна проткаена со мудрост и хумор за трајноста на пријателството и за минливоста на славата. Во 1551 г.

Пронајдете не на следниве мрежи: