Павле Богоевски злоупотребувал пари на американските даночни обврзници за финансирање на СДСМ

Loading...

Започна да се отплеткува мрежата за соработката помеѓу Сорос и СДСМ. Се докажуваат претпоставките и сомнежите на Конгресмените од САД, дека со пари од УСАИД, односно пари на американските даночни обврзници се финансирала политичката кампања на една политичка партија во Македонија, т.е. СДСМ, пишува порталот Журнал.нет.Според информациите до кои дојде Журнал, „Фондацијата отворено општество Македонија“ ( ФООМ ) преку авторски агенции прфрлала огромни суми пари на така наречените граѓански активисти како Павле Богоевски, кој пак со парите од даночните обврзници на САД директно ја финансирале СДСМ, и со кои си го купи пратеничкото столче од редовите на СДСМ.
-Според нашите информации „Фондацијата отворено општество“ директно ја финансирала кампањата на СДСМ, на следниот начин: ФООМ прфрлала пари на „Хелсиншкиот комитет“ и на три авторски агенции, во конкретниов случај информациите велат дека „ФООМ“ префрлиле 70.000.000 денари на една од авторските агенции, а на сметката на „Хелсиншки комитет“ од сметката на „ФООМ“ биле префрлени 9.700.000 денари, додека „Хелсиншкиот комитет“ на истата авторска агенција и префрлил 18.900.000 денари, од овие средства авторската агенција, во вид на хонорар префрлила пари на „граѓанските активисти“ кои се директно поврзани со СДСМ. во конкретниов случај само на Павле Богоевски од една авторска агенција му се префрлени 380.000 денари. Покрај од авторската агенција, на сметката на Павле Богоевски легнале финансиски средства и од „Хелсиншкиот комитет“ во висина од 520.000 денари. Што се вкупно 900.000 денари за Павле Богоевски од ФООМ и неговите организации во Македонија, а всушност се пари на американските даночни обврзници, ако знаеме дека ФООМ и нејзините ќерки организации се корисници на грантовите на УСАИД од Македонија. Додатно на овие 900.000 денари, Павле Богоевски во периодот 2014-2015 година добил плус 740.000 денари за неговата активност.
Павле Богоевски од своите 900.000 денари кои ги добил од ФООМ, за СДСМ донирал 184.000 денари. На овој начин СДСМ директно се финансирала со пари од Сорос, но и со злоупотреба на финансии од даночните обврзници на САД. Покрај директното префрлување на парични средства на сметката на СДСМ, целата инфраструктура, капацитети и финансии од невладините на Сорос, кои пак се полнат и со финансии од УСАИД, биле користени за потребите на СДСМ. Највпечатливо било плаќањето на наводни „граѓански активисти“ кои за пари излегуваа на насилни протести на кои беше тепана македонската полиција и беше уништуван главниот град, пишува порталот.
Павле Богоевски беше еден од најактивните учесници на „Шарената револуција“, која причини сериозна материјална штета од неколку стотици илјади евра на објектите низ центарот на Скопје и го блокираше центарот на Скопје повеќе од два месеци. Сега се гледа дека тоа го правел од чисти лукративни причини, односно за 900.000 денари од ФООМ и загарантирано пратеничко место на листата на СДСМ.
Додека тој го наполни џебот, граѓаните на Македонија преку буџетот на државата мораа да платат за штетата која им ја причинија платениците на СДСМ со оштетување на јавните објекти, мостови и споменици.
Шокантното во случајов е што ова се пари на американските даночни обврзници, кои преку УСАИД во Македонија завршувале на сметката на СДСМ. Значи америкнаските граѓани без да знаат некој нивните пари во Македонија наместо за развојни цели ги насочувал во СДСМ.Според информациите до кои дојде Журнал, „Фондацијата отворено општество Македонија“ ( ФООМ ) преку авторски агенции прфрлала огромни с

loading...
Loading...