Педесет милиони евра за бесплатни учебници за сите основци и средношколци

Покрај бројните поволности кои се имплементирани во интерес на основците и средношколците, едно од најголемите олеснувања во изминатите години за семејствата на учениците се бесплатните учебници.Имено од 2009 година Владата и Министерството за образование и наука обезбедуваат бесплатни учебници, што претставува директна бенефиција за семејствата на околу 270.000 ученици.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека за оваа мерка досега се инвестирани околу 50 милиони евра.
-Ако се вратиме 10-15 години наназад секој ученик мораше да оди по импровизираните пазари за книги и да го составува комплетот на тој начин, а доколку би ги купувал нови, учебниците би чинеле 200 евра во сегашни услови за само еден комплет. Тие трошоци кои во минатото беа товар на семејствата, ги имаме преземено ние како Влада и ресорно министерство  и досега се инвестирани околу 50 милиони евра за нови учебници кои се бесплатни за сите ученици“, истакна Ристовски во гостувањето во ТВ Нова, додавајќи дека мерката ќе се спроведува и во идниот период.
Дополнително за семејствата од исклучително значење е и мерката за бесплатен превоз на учениците коишто живеат на повеќе од 2,5 километри од училиштата и по тој основ родителите можат да заштедат до 150 евра на годишно ниво, поради фактот дека месечниот ученички билет чинеше околу 1000 денари.Имено од 2009 година Владата и Министерството за образование и наука обезбедуваат бесплатни учебници, што претставува директна бенефиција за семејс

Пронајдете не на следниве мрежи: