четврток, 26 ноември 2026
Најново

Општина Пехчево изработува детален урбанистички план за стопанскиот комплекс

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Пехчево изработува детален урбанистички план за стопанскиот комплекс на локацијата Грозил, кој е наменет за лесна индустрија, сервиси и стоваришта.
 Градоначалникот Игор Поповски истакна дека станува збор за дел од индустриската зона опфатен со ГУП.
– Работиме на донесување на ДУП за овој дел, така што сите што имаат имот во овој дел, сега ќе имаат можност да вршат доградби, надградби, но и нови градби, а тоа значи дека ќе можат да ги извадат потребните дозволи за градба. Со овој документ се формираат градежни парцели коишто потоа ќе можат да бидат продадени како градежно земјиште, а самиот ДУП дава можност за идни потенцијални инвеститори во овој дел од индустриската зона, рече Поповски.
Согласно законските прописи, Предлог- документот ќе биде ставен на огласна табла во општината, а сите заинтересирани граѓани ќе можат да присуствуваат на јавната расправа закажана за 13 февруари.Градоначалникот Игор Поповски истакна дека станува збор за дел од индустриската зона опфатен со ГУП.
– Работиме на донесување на ДУП

Поврзани вести