Пејачката низ солзи раскажува за синот кој починал по раѓањето: Заедно со сопругот поминав низ најлошиот период во животот!

Пејачката низ солзи проговорила за својот син  кој починал веднаш откако се родил.Пејачката Лили Ален на гостувањето во емисијата на Џонатан Рос заплакала  во моментот кога проговорила за својот син кој предвремено се родил во 2010  година и починал.
Лили тие денови од своето минато ги  опишала како најтешките во животот, и истакнала  дека сопругот  Сем Копер и бил најголемата поддршка и дека многу и помогнал да  ја преболи смртта на детето.
„Мислам дека е тешко за било кого, без разлика на тоа во каква ситуација се наоѓа во животот. Ја имав таа среќа  со најдобриот партнер  да поминам низ налошата работа во животот.  Има многу жени кои минуваат низ слични ситуации, а немаат поддршка,  и мораат сами да поминуваат низ таа ситуација“, рекла Лили.
Лили по оваа страшна ситуација успеала да  стане мајка, па со сопругот добила две ќерки.Пејачката Лили Ален на гостувањето во емисијата на Џонатан Рос заплакала  во моментот кога проговорила за својот син кој предвремено се родил

Пронајдете не на следниве мрежи: