Откако Ружица Вељковиќ во шоуто „Парови“ ги потврдила гласините дека пејачот Андрија Марковиќ Аки ја тепал додека биле во врска, младиот пејач одлучил да се огласи на социјалните мрежи.Поради многубројните напади и осуди, тој ги замолил сите да се стрпат за да ја дознаат вистинската верзија на случувањата.
„Имам потреба да ги замолам сите луѓе кои ме сакаат, но и оние кои по оваа `тажна` приказна веднаш ме осудија, да се стрпат малку за да ја дознаат вистината. Мислев да бидам џентлмен како и досега и да не кажам ништо лошо за било кого, посебно не за Ружица, бидејќи сум свесен дека морам да се спуштам под секое ниво. Но, нема врска, тоа е мој срам и цена поради лошата проценка која сум подготвен да ја платам“, напишал Аки.
Да потсетиме, веќе е покренат судски спор за овој случај, а во Првото основно јавно обвинителство се појавија родителите на поранешната пејачка.
„Преживеавме пекол. Еднаш Андрија цел ден и ноќ ја држеше заклучена мојата ќерка. Ружица ми се јави и низ солзи ме молеше да ја спасам. Тогаш ми рече дека ја тепа, но дека не може да излезе зашто е заклучена. Многу се исплашив, ми беше страв да не ја убие“, изјавила Татјана, мајката на пејачката.
Поради многубројните напади и осуди, тој ги замолил сите да се стрпат за да ја дознаат вистинската верзија на случувањата.
„Имам потр


