Пеколно згодна: Нивес Целзиус го промовираше спотот за песната „Инферно“

По освојувањето на Гранд При наградата од публиката на Меѓумурскиот фестивал, Нивес не мирува: таа на јавноста ѝ го претстави новиот спот за песната „Инферно“.Ова ново и атрактивно видео, доживува регионална премиера во дури шест држави. Освен во Хрватка, во новиот провокативен спот на Нивес, ќе уживаат и обожавателите кај нас, во Словенија, Србија, БиХ и Црна Гора.
-Со денови ме прашуваат што точно подготвивме во „Инферно“, а јас на сите со насмевка на лицето им одговарам да бидат подготвени за нови правила на играта. Мислам дека песната поради специфичното име бара и соодветна кореграфија, како и невидена режија на нашиот мал ридест Балкан. Па ете, народот може да ужива, да се весели и да коментира. Верувајте ми, ќе имате многу причини за тоа – мистериозно рече Нивес.
За реализацијата на креативните идеи за спотот беа ангажирани 26 танчери и модели и слободно може да се рече дека тие завршија навистина одлична работа.
– Кој би можел да ја одбие Нивес, кога ќе ја слушне идејата дека во нејзиниот спот таа сака да има невообичаен истерувач на ѓаволи? Ќе биде неизбежно да се коментира спотот по неговата премиерa – истакна познатиот хрватски кореограф Игор Барбериќ.
Нивес се потруди да ги изненади сите на снимањето на спотот, па за потребите на снимањето ја нарача најголемата змија во Хрватска, мрежестиот питон Ријана, од чија големина се исплашила како никогаш во животот.
– Ми се пресекоа нозете при контактот со змијата. Мислев дека нема шанси да ѝ се приближам, а камоли да играм со неа. Но, малку по малку, сфатив дека питонот е едно моќно и прекрасно животно кое не е агресивно кон луѓето. Снимените сцени со змијата ми се најомилените од спотот – вели Нивес.
Фото: Даниел Галиќ
Погледнете го нејзиното видео:
Ова ново и атрактивно видео, доживува регионална премиера во дури шест држави. Освен во Хрватка, во новиот провокативен спот на Нивес, ќе уживаат и

Пронајдете не на следниве мрежи: