Пелегрини: Го имаме најсилниот тим во Премиер Лигата

Новиот тренер на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, вели дека неговиот тим поседува најмногу квалитет во однос на сите други клубови од Премиер Лигата.Мануел Пелегрини на клупата на Сити седна по успешната приказна со шпанска Малага.
Па така, новиот тренер на англискиот премиерлигаш верува во својот тим дека може да ја освои титулата, бидејќи, како што вели и самиот, едноставно, овој тим е најсилен во Премиер Лигата.
„Мислам дека го имаме најсилниот тим во англиската Премиер Лига, доведовме навистина одлични фудбалери и со играчите кои ги имаме мислам дека ќе покажеме многу, ќе се потрудиме да наредната сезона освоиме трофеи“ изјави Пелегрини.Мануел Пелегрини на клупата на Сити седна по успешната приказна со шпанска Малага.

Пронајдете не на следниве мрежи: