Пелегрини: Не сме „случајно“ овде

Тренерот на шпанска Малага, Мануел Пелегрини, изјави дека неговиот тим не-случајно се најде во самата завршница во Лигата на Шампионите, според Пелегрини, Малага својот квалитет и потенцијал ќе го докаже и на натпреварот против Порто.
„Многу сметаа дека случајно сме стигнале во Лигата на Шампионите и дека ќе испаднеме уште во групната фаза. Сепак, покажавме дека можеме да се натпреваруваме со сите. Сакаме да ја играме својата игра и да го дадеме максимумот за да поминеме во наредната рунда од натпреварувањето“ изјави Мануел Пелегрини кој очекува одличен меч за својата екипа на дуелот со Порто.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тренерот на шпанска Малага, Мануел Пелегрини, изјави дека неговиот тим не-случајно се најде во самата завршница во Лиг

Пронајдете не на следниве мрежи: