„Пелистерка“ донира медицински апарати од еден милион денари на три клиники во Македонија

Македонската компанија „Пелистерка“ денеска ја врачи донацијата од медицински апарати во вредност од околу еден милион денари наменета за три клиники во земјава. Претпријатието одлучи да помогне во работата на Универзитетска болница КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола и Клиничка болница во Тетово.Станува збор за современи мобилни медицински апарати кои се специјално дизајнирани за следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега. Тие функционираат и како мултифункционален медицински апарат со широк обем на параметри за набљудување, но и како самостоен мобилен монитор за еден пациент.
Во просториите на одделот за интензивно лекување на клиниката КАРИЛ апаратите им беа доделени на директорите на клиниките како Божикен подарок од Маријана Станојковска, која што заедно со Аделина Тахири и Тамара Тодевска, е заштитно лице на „Пелистерка“ за 2015 година.
На врачувањето на донацијата присуствуваа д-р Васко Најдовски, директор на клиничката болница во Битола, д-р Флорин Бесими, директор на клиничката болница во Тетово и д-р Тања Спировска, директор на КАРИЛ, како и Прим. С-ци, ПД, д-р. Реџеп Селмани директор на ТОАРИЛУЦ. Тие истакнаа дека се благодарни на врачената донација која ќе ја искористат за да се унапреди лекувањето на пациентите.
– Ни претставаува задоволство дека со оваа донација ќе им помогнеме на жителите на трите градови во Македонија во кои има константно високо ниво на загаденост на воздухот. Медицинските апарати кои денеска ги донираме се токму она што им е најнеопходно како опрема на клиниките во Скопје, Битола и Тетово. Се надеваме дека оваа наша донација ќе им ја олесни работата на лекарите и медицинскиот персонал и ќе придонесе за точна дијагноза и следење на состојбата на пациентите – велат од Пелистерка.
Успехот на компанијата не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот, туку и според тоа колку таа е одговорна кон заедницата кадешто делува. „Пелистерка“ уште еднаш се докажа како општествено одговорна компанија и ги насочи планираните финансиски средства од предновогодишната промоција за набавување медицински апарати за клиниките во Скопје, Тетово и Битола.Станува збор за современи мобилни медицински апарати кои се специјално дизајнирани за следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега

Пронајдете не на следниве мрежи: