Пензионерите задоволни од најавата за зголемувањето на пензиите и новите мерки

Пензионерите кои денес во Прилеп остварија средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4 Никола Груевски го изразија своето задоволство од најавеното покачување на пензиите за 10,25 проценти кое е предвидено во програмата „Реално“.Прилепските пензионери велат дека се задоволни од најавеното. Додаваат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја имаат нивната поддршка токму поради сето она што било реализирано, а претходно ветено.
Груевски покрај зголемувањето на пензиите, ги информираше пензионерите дека ќе продолжат проектите за бесплатна бањско-климатска рекреација, бесплатен викенд и бесплатен воз.
За прилепските пензионери рече дека во новата Програма е предвидено изградба на дневен центар за повозрасни лица што треба да почне да се гради во периодот од јули до септември 2017 година, во 2019 година е предвидено отворање на Дневен центар за возрасни лица со најтешки проблеми, како и реконструкција на Домот за стари лица во Прилеп „Киро Крстески Платник“.
– Во новата Програма е предвидено и бесплатна вакцинација за грип на лицата со помали пензии, како и за лицата над 65-годишна возраст кои не се корисници на пензија. Предвидени се и денови за попусти за пензионери во одделни маркети, како и продажба на стоки и услуги на рати и тоа стоки за широка потрошувачка, лекови и медицински помагала и огревни дрва, рече Груевски.
Потсети дека во последниов период е извршено намалување на цените на 4.800 лекови, на некои од нив, како што рече, дури и за 90 отсто.
– Со оваа услуга, граѓаните, а меѓу нив и пензионерите заштедуваат по 33 милиони евра годишно, рече Груевски и ги потсети пензионерите дека имаат и 50-отстотен попуст при посета на културни институции.Прилепските пензионери велат дека се задоволни од најавеното. Додаваат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја имаат нивната поддршка токму поради сето она ш

Пронајдете не на следниве мрежи: