Перишиќ заминува во Манчестер Јунајтед за 50 милиони евра

Сите услови со Перишиќ се договорени. Договорот ќе биде на четири години, вреден седум милиони евра по сезона. Јунајтед и Интер се блиску до договор за конечната цена, па се очекува Перишиќ наскоро да замине за Англија.Манчестер Сити потпиша со Бернардо Силва од Монако за 50 милиони евра, а градскиот ривал Манчестер Јунајтед одговори со потписот на Мајкл Керик.
-Уживав соработувајќи со Керик минатата сезона. Не само што е одличен фудбалер, туку е и фантастина личност, како и пример за помладите во нашиот тим, кажа Мурињо откако Керик потпиша нов договор, на уште една година.
Сите релевантни медиуми во Италија, но и на Островот меѓу кои прв беше Скај Спортс, јавуваат дека паднал договор со Иван Перишиќ. Хрватскиот репрезентативец ќе потпише договор на четири години, со годишна плата од 7 милиони евра.
Јунајтед и Мурињо ги договориле сите услови со Перишиќ, а преостанува само да се договорат со Интер. Италијаните поставиле цена од 55 милиони евра, додека Јунајтед дава 10 помалку. Во градот на модата се свесни дека нема да можат да го задржат Перишиќ, а ќе им требаат парите од неговиот трансфер за други трансфери.
Се очекува да падне договор помеѓу Јунајтед и Интер за 50 милиони, односно Интер да спушти за 5 милиони, а Јунајтед да даде 5 милиони повеќе. Инаку, Перишиќ во Интер пристигна од Волфсбург за 19 милиони евра.Манчестер Сити потпиша со Бернардо Силва од Монако за 50 милиони евра, а градскиот ривал Манчестер Јунајтед одговори со потписот на Мајкл Керик.

Пронајдете не на следниве мрежи: