Перјаниците на СДСМ бараат Заев да ги реализира заканите кон администрацијата

Бранко Тричковски и Оливера Трајковска со омаловажувања за административните работници дека работат во државни штали, бараат „штетниците и крлежите“ да биле распоредени да чистат одводни канали за парче леб и млеко.Како што наближуваат изборите, така се зголемува и нервозата во редовите на СДСМ и нивните перјаници. Зоран Заев е соочен со фактот дека ја губи поддршката меѓу македонското гласачко тело и дека мора да кокетира со интересите на Албанците, а за виновници се прогласуваат сите освен самиот тој. Последна на тапет е администрацијата, за која Заев веке најавуваше дека ќе избркал се “од чистачка до директор” доколку некогаш дојде на власт.
На ваквата реторика се надоврзаа и медиумските перјаници на СДСМ.
Оливера Трајковска во сопствената емисија ги навреди административците дека работат во штали, а Тричковски се надоврза во омаловажувањата преку својот фб профил, нарекувајќи ги административните работници како крлежи и штетници, корумпирана стока која треба да чисти канализации.

-Не, господине Заев, таа збирштина во администрацијата и во судството мора да се расчисти, тие,  по својата позиција, крлежи, штетници, пераноспора на македонската лоза, мора да  отпаднат, некаков Њу дил за таа корумпирана стока, тоа  е максимумот, одведете ги да ги чистат одводните канали, за леб млеко и чварки, плус за едно евро дневница, тоа е програмата, а не царството на единството што го проповедате, различноста е спасот, конфронтацијата е спасот, битката е спасот, а не идејата дека на сите ќе им биде фино!- напиша Бранко Тричковски.
 
Реагираше МИОА на ниското шиканирање на административните работници
Како реакција на ваквите обвинувања и медиумска хајка која медиумите под капата на СДСМ ја водат, реагираше министерката за информатичко општество и администрација, Марта Томовска Арсовска.

-Ова е систематски пристап на уништување и на убивање на целото достоинство и интегритет на јавната администрација. Не можев да верувам на изјавата , особено што доаѓа од човек кој што јавната администрација ја нарекува државна штала, а самиот потекнува од јавниот сектор, по овој повод изјави министерката за информатичко општество и администрација.
-Ова што се прави од страна на медиумите,  политичарите, а и некои невладини организации е навистина е притисок. Тие си поигруваат со чуствата на вработените. Имаме изјави од типот дека ќе ги избркаме сите од хигиеничар до министер, па до тоа дека они се добри и ќе ги задржиме, па изјави дека била преобемна администрацијата, па не доволна е бројката на администрацијата туку ќе направиме преструктуирање итн. Тоа според мене е систематски обид за притисок врз администрацијата и јас апелирам да се престане со такви вулгарни притисоци, дополни Томовска Арсовска.
Од МИОА тврдат дека јавната администрација се намалува за 1000 вработени на годишно ниво. Нив ги зачудува оркестрираниот напад врз администрација која доаѓа од медиумите под контрола на СДСМ, чиј лидер е градоначалник на Струмица, општината која што е 14-та по број на жители во Македонија, а по обем на вработени во локалната администрација е на високото 3-то место.
Вработените во администрацијата се почесто говорат дека се под невиден и континуиран притисок од страна на СДСМ и нивните медиуми, со што се нанесува директен атак на нивното достоинство и професионалност.Како што наближуваат изборите, така се зголемува и нервозата во редовите на СДСМ и нивните перјаници. Зоран Заев е соочен со фактот дека ја губи по

Пронајдете не на следниве мрежи: