Перо и Ружица Антиќ: Без хемија нема добар секс!

Кошаркарот Перо Антиќ и сопругата Ружица се заедно 10 години, од кои седум години биле во врска, а три години се во брак.Тие велат дека нивниот брак е надвор од сите стандарди, бидејќи многу се разделени и немаат време ниту за кавга ниту за монотонија. 
“Сексот е многу важен, но не е пресуден. И да е идеален сексот, ако нема други квалитети во бракот, нема да успее, и обратно. Ако нема привлечност, ако нема хемија, исто така, нема добар секс. Ние постојано сме разделени и сексот е убав и не ни треба да предизвикаме кавга за да ни биде убаво. Навистина, нашиот брак поинаку функционира. Постојано се патува и не може да се каже дека нe фаќа монотонија”, вели брачниот пар Антиќ.

Според нив, за успешен брак, поважна е толеранцијата.
“Убедливо најважна е толеранцијата и секој да има свој став за животот, за децата. Крајните цели на партнерите не треба да се разликуваат. Во нашиот случај, од првиот ден во врска живееме заедно и по потписот, ништо не се смени. Најлоши се предрасудите дека ако потпишеш, ќе се заробиш. Затоа и целокупниот машко-женски однос е извртен. Мислат дека е трагедија ако си неженет или немажен, но не е така”, велат тие.
Извор: Vest.mkТие велат дека нивниот брак е надвор од сите стандарди, бидејќи многу се разделени и немаат време ниту за кавга ниту з

Пронајдете не на следниве мрежи: