Пешевски: СДСМ уште долго време ќе остане во опозиција поради однесувањето на Заев

ВМРО-ДПМНЕ својата програма ја темели на проектите и идеите на македонските граѓани, рече вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната партиска трибина во општина Гази Баба.Тој потенцира дека владејачката партија не ветува дека сите предлог-проекти од граѓаните ќе бидат реализирани, ама ветува дека секоја идеја внимателно ќе биде прочитана.
-Она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува е делот што ќе се најде во програмата. Тоа е она што понатаму ќе се спроведува во наредниот мандат и затоа е многу важно. Ако погледнете во делувањето на Владата и сите оние мерки кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ, најчесто 70-80 % е базирано на она што сме им го дале на граѓаните како наше ветување, а се разбира доколку се укаже можност, тие програми се прошируваат и се реализира нешто и вон тоа, рече Пешевски.
Тој на граѓаните им посочи дека на досегашните трибини имало идеи за кои Владата сметала дека можат да бидат реализирани веднаш, па не се чекало избори и програма.
Пешевски ги повика граѓаните да ги даваат своите идеи и им потенцира дека дури таа идеја и да не биде ставена во предизборната програма, може да биде исполнета понатаму кога за неа ќе се создадат услови.
Пешевски пред граѓаните од Гази Баба истакна дека Македонија се наоѓа во ваква ситуација поради кризата наметната од страна на СДСМ, но дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дури и во ваква состојба работи за граѓаните.
-И во оваа ситуација како политичка партија се поставуваме максимално конструктивно. Изминатава година ја поминавме во решавање на политичката криза, но реализиравме многу проекти, беа отворени илјадници нови работни места, се отвори нова Клиника, се направија низа системски решенија во делот на активни мерки за вработување на млади лица, почна „Македонија вработува“ … Додека нашата опозиција се фалеше со деструктивни мерки, ние теравме конструктивна политика, рече Пешевски.
Тој потенцира дека Заев нанесува штета како на својата партија така и на цела држава.
-Гледаме дека се работи за индивидуа која е спремна за да се зачува себеси да ја доведе цела држава и цел народ во една крајно ризична ситуација. Но, постепено, дури и странските фактори кои му даваа поддршка, сфатија со каков човек си имаат работа. Тие видоа дека човекот ги менува изјавите од ден за ден, рече Пешевски.
Вицепремиерот вели дека со вакво однесување на Заев, СДСМ уште долго време ќе остане во опозиција.Тој потенцира дека владејачката партија не ветува дека сите предлог-проекти од граѓаните ќе бидат реализирани, ама ветува дека секоја идеја внимате

Пронајдете не на следниве мрежи: