петок, 27 ноември 2026
Најново

Пешевски: ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои знаат да ја водат државата во вистинска насока

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Секаде ќе видите дека во изминатиот период тимот на ВМРО-ДПМНЕ реализирал проекти кои се тешки за реализација. Многу влади претходно говореле за проекти, имало и подготовка, но реализацијата недостасувала. Не успеале да направат зони и да донесат големи инвестиции кои ќе оворат над 1000 работни места на нешто што било зелена ледина, сега имаме над 20, истакна на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема 160.000 нови работни места, Владимир Пешевски вицепремиер за економски прашања.-Правени се патишта, се гради автопатот Демир Капија – Смоквица. Таа е најскапа, најтешко е да обезбедите финансирање за неа и 30 години не била направена, ние 3 години имаме потрошено на тоа, ама ќе се направи. Лесно е да направите автопат од Скопје до Тетово на низина, направете од Кичево до Охрид, обезбедете средства за тоа, тука има многу финеси. ВМРО-ДПМНЕ има тим, има луѓе за тешки проекти кои знаат да ја водат државата во вистинска насока, посочи Пешевски.-Правени се патишта, се гради автопатот Демир Капија – Смоквица. Таа е најскапа, најтешко е да обезбедите финансирање за неа и 30 години не б

Поврзани вести