Песната на Тоше „Жао ми је“ ќе добие спот

Уште една песна од Тоше Проески ќе добие спот. Овојпат станува збор за темата “Жао ми је” од албумот Ден за нас, издаден во 2004 година. Видеото премиерно ќе биде пуштено во етер на 25 јануари, на денот кога Тоше требаше да наполни 33 години. Инаку, кадрите од кои е монтиран спотот се снимени во едно од студијата во Бугарија и во нив е опишана љубовна приказна меѓу двајца млади, а Тоше се појавува во облека од античко време.
Повеќепати нагласивме дека Тоше остави големо музичко наследство. Бидејќи фондацијата која се грижи за неговото дело и лик има своја агенда со повеќе активности планирани за секоја година, овојпат се решивме пред публиката да го претставиме спотот за темата 'Жао ми је'”, вели неговиот зет, Славен Ристески.
Кадрите се снимени во 2006 година и во нив покрај Тоше, се појавува и Сара Леши, поранешната мис на Македонија.
Во истовреме со премиерата на спотот во јавноста ќе биде промовирана и книгата Ова не е крај, илустрирана биографија за Тоше Проески.
 Овојпат станува збор за темата “Жао ми је” од албумот Ден за нас, издаден во 2004 година. Видеото премиерно ќе биде пуштено во ете

Пронајдете не на следниве мрежи: