Пет Фејсбук правила за оние кои се во врска!

Додека Facebook навистина ни помага во секојдневната комуникација и нè поврзува со луѓето, сепак се употребува и за други намени.Со негова помош се отвори вратата многумина да ѕирнат во туѓите животи. Со неколку кликови можеме да закажеме состанок или да следиме некого.
Страната shine.yahoo.com наведува правила според кои треба да се придржуваме на Facebook кои ви ги пренесуваме: Скријте го вашиот статус.
Ако сте во нестабилна врска или влегувате во нова, зошто воопшто да ставате статус „во врска“? Зар има нешто понезгодно од тоа да го менувате вашиот статус од „самец„ во „во врска“ за помалку од 4 месеци?
Избегнувајте го следењето на Facebook
Секој се има најдено во ваква ситуација – постојано да го следи статусот на луѓето и да ги гледа објавените фотографии. Но, таквите работи можат да доведат до лудило. Постојано ќе размислувате зошто некој ставил like на нечиј статус или коментар на некоја фотографија. За да останете присебни, избегнувајте го следењето на дневна база.

Ако ве видел без облека, значи дека не треба да ви биде пријател на Facebook
Кога се во прашање завршените љубовни приказни и претходните партнери, треба да се придружуваме на одредени правила. Вашето минато не треба да биде дел од дружењето на Facebook. Игнорирајте ги нивните покани за пријателство, така помалку ќе ја комплицирате новата врска. Не е добро ако вашата комуникација со партнерот се одвива единствено преку chat
Ако вашата комуникација се одвива преку chat на Facebook, тогаш значи дека нешто не е во ред со вашата врска. Тоа е добар привремен начин на комуницирање, но ако сте вистински заинтересирани еден за друг треба да комуницирате и на други начини.
Не ставајте ги караниците на статус
Што е понезгодно од менувањето на статусот помалку од 4 месеци? Да се карате со партнерот на Facebook. Бидете разумни и правете го тоа offline.Ако ги применувате овие правила, во вашата врска ќе има помалку компликации. Употребувајте го Facebook за тоа што е наменет, дружете се и ништо повеќе.
Извор: lady.mk
 Со негова помош се отвори вратата многумина да ѕирнат во туѓите животи. Со неколку кликови можеме да закажеме сос

Пронајдете не на следниве мрежи: