Пет луди работи кои еволуцијата ги заборавила кај нас

А баш и не ни требаат..5. Зошто се ежиме?
Седите пред компјутер и баш како и сега наеднаш слушате некој глас позади вас. И помислувате дека можеби зад вашиот грб стои мала Јапонка со долга коса која и се простира преку очите, кои се речиси целите црни. Дали веќе почувствувавте намло наежување по вратот и рацете? О да, се наеживте! Или поради ова, или поради тоа што ви е ладно, но можете да се наежите и кога сте навистина среќни или пак инспирирани. Тоа може да се случи и во текот на сексуалните моменти на задоволство или пак голем страв.

Но зошто?
Дали некогаш сте виделе мачка каква е кога ќе разбесни? Или било кое друго крзнено животно? Епа тоа е тоа. Кога ќе се наежите, малите мускули во вашата кожа се обидуваат да ги подигнат остатоците од тоа крзно. Секако, ние немаме корист од тоа, но заблагодарете и се на еволуцијата што немаме крзно, и што заборавила да ни ја исклучи таа опција.
Иначе, кај животните ова е опција која значи живот. Со ова наежување, тие ќе изгледаат поголемо и поопасно, ќе им биде потопло и слично. Е сега ни е малку жал зошто ние немаме крзно.

4. Гребење по таблата
Нокти по таблата. Или нож по чинијата. Нема полош звук од тоа зарем не? Толку го мразиме што подобро би побегнале од тоа место.
Во едно истражување луѓето звукот на гребењето на ноктите по таблата го оцениле како најлош кој некогаш го слушнале. Веднаш зад овој звук е триењето на стиропор, звукот на стоматолошката бушилка, и чкрипењето на врата. И тоа не е случајно!

Зошто?
Никој не е баш 100% сигурен, но научниците имаат теорија. Гребењето со ноктите по таблата произведуваат идентична фрекфенција како и вриштењето на макаки мајмуните. Е сега мораме да ви објасниме зошто е тоа важно. Луѓето порано живееле во групи и стотици илјади години ја преслушкувале околината и светот околу себе. А макаки мајмуните обожуваат да ги предупредат своите сонародници како и сите други во околината на опасноста која се приближува, да речеме тигар. И така еволуцијата развила навистина огромно гадење од тој звук, на таа фрекфенција кој значи – ОПАСНОСТ! Другата теорија е дека овој звук е навистина сличен од вриштењето на предаторот кој го јаделе нашите претци.

3. Трет капак
Сите имаме трет капак. Погледнете во огледало, во вашите очи, близу носот има една црвена точка, тоа е третиот капак, односно она што останало од него при текот на еволуцијата. Всушност тоа е полупровидна мембрана која денес ја користат птиците, рептилите, рибите и некои цицачи.

А зошто?
На животните ова им служи како заштита. Да речеме на ајкулите од пленот, на рибите од нечистотијата во водата, а на птиците кога ги хранат малите, и не сакаат нивниот клун да заврши во окото кај нив. Оваа заштита ја користат и орлите кога летаат со брзина од некои 300 километри на час. Кучињата и мачките имаат навистина развиена мембрана, која можете да им ја видите додека тие спијат. Заблагодарете и се на еволуцијата што и вие немате заштитни визири, кои добро би ви дошле при возење мотор, картинг, велосипет или пак во борба со перници со дечкото/девојката.

2. Мрдање на ушите
Ако можете да го направите ова, тогаш спаѓате во оние 15 % луѓе кои и понатаму ја имаат оваа способност. Останатите ..
Денес луѓето кои ја имаат можат да ги фасцинираат другарите во училиште, и тоа е се. Но порано не било така.

Зошто?
Голем број на цицачи можат да ги помрднуваат ушите по потреба, односно во правецот во кој сакаат. А тоа е многу важно за малите животни кои немаат добра прегледност на теренот околу себе. Затоа што се навистина мали. Нашите далечни роднини од праисторијата имале развиени мускули кои им овозможувале да ги помрднуваат ушите и да ја наслушкуваат околината и опасноста. А тоа со текот на времето станало непотребно, главно поради тоа што научивме да правиме опасни оружја и на сите да им покажеме кој е главен.

1. Умници и слепо црево
Ако се уште имате слепо црево и умници, можете да се сметате за среќници! Имате околу 7 % шанси да добиете воспаление на слепото црево и 85% шаси да извадите барем еден умник. А двете работи бараат операција, која не е фина работа. Како единствена работа на овие две работи во вашето тело е да ви го расипат животот.

А зошто?
Затоа што нашите предци јаделе повеќе лисја од нас. Умниците прават проблеми затоа што немаме доволно место во вилицата за нив. Односно, направени се кога луѓето имале вилици поголеми од нашите. А тие биле навистина по грди, но нема да пишуваме за тоа. Односно, тогаш забите на нашите предци биле подобро прилагодени за преработка на лисја и зеленило. Не грижете се, за некои милион години тој проблем сосема ќе исчезне. Што се однесува за слепото црево, научниците како и обично не се баш сигурни. Сепак, тие мислат дека тоа имало функција за варење на тревките кои биле преполни со целулоза. А бидејќи сега немаме потреба од тој дел, тој станува непотребен, па единствено за што служи е да ве прати во болница кога тоа најмалку ви одговара.
Преземено од: Think.mk5. Зошто се ежиме?
Седите пред компјутер и баш како и сега наеднаш слушате некој

Пронајдете не на следниве мрежи: