Пет митови за алкохолот кои не сте ги знаеле!

Верувате ли во приказните за дејството на алкохолот за последиците од него и за тоа како да се справите со мамурлакот?! Многу од приказните во кои се верува се всушност митови за кои се докажале спротивни примери.1. Алкохолот е лош за почеток на врска
Под дејство на алкохол, критериумите во избирањето драстично паѓаат, па лесно може да завршите со кој било. Но, проблемот е тоа што после пијаната вечер ви останува само нарушената самодоверба. Но, тоа не мора да биде така. Научниците заклучиле дека алкохолот всушност е одличен начин за да се започне нова љубовна врска.
По неколку пијалаци, точно е дека критериумите се намалуваат, но тоа е во однос на пребирањето според физичкиот изглед, па така, доколку откако ќе се отрезнат всушност подобро се запознаат и си одговараат физичкиот изглед кои почетно би бил пречка, во тој случај не би се забележувал.
2. Стекнување пивски стомак
Верувале или не пивскиот стомак всушност воопшто не постои. Научниците преку истражување спроведено врз 2000 Чеси, кои се познати по својата љубов кон алкохолот особено кон пивото. Се докажало дека пивото не е виновник за големиот стомак. Се работи за тоа што пивото има калории како и сè друго што јадеме и пиеме, и не е важна испиената количина пиво туку колку калории се внесени, а колку потрошени. Ако трошите доволно калории колку што внесувате, можете да пиете пиво колку сакате.
3. Абсинтот е опасен
Веројатно веќе сте слушнале дека абсинтот е најлош алкохол. Ако претерате со него може да почнете да халуцинирате не затоа што се верува дека претставува некој опасен вид на наркотик, туку заради големиот процент алкохол кој некогаш надминува и 70 %. Бил забранет во некои земји, не заради своето дејство, туку заради намалување на алкохоличарите.
А тоа дека Ван Гог си го отсекол увото под негово дејство не е потврдено, но се знае дека многу уметници меѓу кои и Хемингвеј, уживале во оваа зелена течност.

4. Пиењето помага да заспиете
Познато е дека после чашка или две многу полесно се заспива бидејќи сте опуштени. Но, вистината е дека ќе заспиете и тоа ќе трае за она време додека вашиот организам е зафатен со разградување на алкохолот, ќе спиете мирно неколку часа, но потоа или ќе ви се пие вода или ќе ви се оди во тоалет, а тоа ќе ве разбуди, по што ќе почне да делува негативното дејство на алкохолот и ќе ве боли главата, нема да можете да заспиете, а уште помалку да се опуштите и убаво да сонувате.
5. Нема добар лек за мамурлак
Пробани се многу начини за надминување на мамурлакот, но некако се верува дека никој не е доволно добар и дека не постои лек за мамурлак, туку ако вечерта си се опијанил, следниот ден мора да се помириш дека ќе ти биде лошо цел ден.
Сепак, постојат три докажани начини кои сигурно помагаат:
Првиот е сендвич со сланина. Звучи одлично и не е трик. Неговата тајна е во комбинацијата на протеини и јаглени хидрати кои помагаат во создавањето на одредена аминокиселина која ќе направи да се чувствувате подобро.
Вториот лек е освежителниот пијалак Спрајт, кој неодамна се докажа дека спречува лачење на она што го предизвикува мамурлакот.
Третиот лек е  комбинација од аспирин и кафетин. Два лека кои помагаат да се ослободите од главоболката и заморот.
Најдобар предлог е да изедете сендвич со сланина, со него да пиете Спрајт и на крај да земете аспирин и кафетин. Нема шанси да не ви успее.1. Алкохолот е лош за почеток на врска
Под дејство на алкохол, к

Пронајдете не на следниве мрежи: