Пет неверојатни факти за нашето тело

Човечкото тело е многу поневеројатно отколку што некогаш не учеле за него. Додека некои на нашето тело гледаат како на премногу слаб и нежен организам, обидете се да го погледнете на поинаков начин и ќе сфатите колку феноменални чуда крие во себе.
 Ова се 5-те неверојатни факти за човечкото тело:
5. Крвните садови во човечкото тело се долги 60 000 милји.

Тие се доволно долги за да може со нив два и пол пати Земјата околу да се завитка.
4. Телото има поголем број на клетки отколку што има ѕвезди во галаксијата.

Телото го сочинуваат од 75 до 100 трилиони клетки. Кога ќе ја споредите оваа бројка со бројот на ѕвезди во нашата галаксија, размислете само колку многу опфаќа вашето постоење. Ако некогаш сте се почувствувале мали, запомнете, имате многу повеќе клетки во вашето тело отколку ѕвезди во нашата галаксија.
3. Мозочните клетки реагираат на се што кажува нашиот мозок

Мозокот ја контролира секоја функција во нашето тело, а ние сме способни да го контролираме нашиот ум. Позитивните мисли го зајакнуваат имунолошкиот систем, додека пак негативните може да ве онерасположат и да го ослабат имунитетот. Докажано е дека дури едноставни промени во јазикот и зборовите кои ги употребувате ќе ја промени вашата психологија.
2. На секои седум години нашето тело целосно се заменува

Клетките кои го сочинуваат човечкото тело умираат и се заменуваат со текот на времето. До тој степен што додека ја читате оваа реченица, 25 000 000 клетки од вашиот организам изумираат. Но не се секирајте, денес ќе се создадат 300 милијарди нови клетки. Ова се случува толку често што на секои 7 до 10 години имаме целосно нови клетки.
1. Ние сме направени од ѕвездена прашина

Да, буквално сме направени од ѕвездена прашина. Јаглеродот, азотот и кислородот во нашето тело, како и атомите од други потешки елементи се создадени во претходни генерации на ѕвезди пред околу 4.5 билиони години.
Ова е објаснето во видеото во прилог каде што Neil deGrasse Tyson вели дека најизвондреден факт е што атомите го сочинуваат животот на земјата. Ѕвездите со најголема маса со години биле нестабилни, експлодирале и сите нивни делови се расфрлени низ галаксијата, делови составени од јаглерод, азот, кислород и сите основни состојки што го сочинуваат животот. Овие состојки станале дел од облаците кои ја формирале следната генерација на соларни системи- ѕвезди со планети кои орбитираат. А тие планети се составени од оние материи кои го чинат животот. Затоа треба да знаеме дека ние сме дел од универзумот, и универзумот е дел од нас. Треба да се чувстуваме горди затоа што нашите атоми доаѓаат од ѕвездите.Ова се 5-те неверојатни факти за човечкото тело:
5. Крвните садови во чов

Пронајдете не на следниве мрежи: