Пет познати фрази и нивното чудно потекло!

Постојат фрази кои често несвесно ги употребуваме одвреме навреме. Некои од нив се користат во многу земји во светот. Некогаш ваквите фрази имаат неочекувано и чудно потекло.1. „Секогаш деверуша, никогаш невеста“Верувале или не, оваа фраза за прв пат била употребена во реклама за средството за миење уста листерин, во 20-тите години. За да го промовираат својот производ, производителите на листеринот во рекламната кампања вклучиле наводни вистински приказни и искуства на луѓето што го користат средството. Една од овие приказни била за девојка по име Една, која имала скоро 30 години. Сите нејзини другарки веќе биле мажени или свршени, освен кутрата Една која постојано била деверуша, но никако невеста. Една открила дека тоа е поради нејзиниот лош здив, па секако, спасот бил во листеринот. Рекламата продала многу шишенца од производот, а на светот му подарила нова фраза која и денес се користи за некој што никако не успева да дојде до посакуваниот успех.
2. „Го скрши мразот“Пред ерата на возовите и автомобилите, пристанишните градови кои зависеле од прекуморската трговија страдале во текот на зимата поради тоа што замрзнатите води ги спречувале трговските бродови да стигнат до градот. Затоа започнале да се користат помали бродови наречени „ледокршачи“ чија задача била да го скршат мразот и да им отворат пат на големите трговски бродови. Исто како што денес некој мора да го „скрши мразот“ и прв да направи одреден чекор кој другите ќе го следат.
3. „Го гризна куршумот“Оваа фраза се употребува во многу земји кога се зборува за некој кој покажал голема храброст често прифаќајќи нешто непријатно или тешко за него. Фрзата потекнува од бојните полиња во 18-тиот и 19-тиот век. За време на битките често имало потреба од итни хируршки интервенции, кои морале да се изведуваат без никаква анестезија. Во таков случај хирургот го терал војникот за време на операцијата да држи куршум меѓу забите, што барем малку би му ги оттргнало мислите од операцијата и би ја ублажило болката.
4. „Скрши нога“Колку пати сте му го кажале ова на студент пред испит? Оваа необична фраза за посакување среќа најпрво започнува да се користи во театрите, каде е позната практика на актер да му се каже да „скрши нога“ пред премиера. Според суеверните верувања „лошите сили“ се секогаш присутни и едвај чекаат да го расипат секој обид за успех. Искажување гласно желба за добра среќа би го привлекла нивното внимание и тие би дошле да ја завршат својата злобна работа. Додека искажана клетва би им го одвлекла нивното внимание на друга страна.
5. „Ги закопаа секирите“Фраза која се користи кога две спротивставени страни ги надминуваат своите разлики и постигнуваат примирје. Иако денес „закопувањето“ е со исклучиво фигуративно значење, фрзата потекнува од вистински обичај на северноаериканските Индијанци. Кога помеѓу две племиња бил договорен мир, тие ги закопувале сите нивни оружја – секирите, ножевите и томахавките. Со тоа, покрај добрата волја за мир, со закопувањето на оружјето се елиминирала можноста за нова војна.
think.mk1. „Секогаш деверуша, никогаш невеста“Верувале или не, оваа фраза за прв пат била у

Пронајдете не на следниве мрежи: