Пет разлики меѓу жените кои мажите ги сакаат и оние со кои имаат само секс!

Кај мажите, сексот со жените е навистина поделен. Тие уживаат во односот со онаа кон која не чувствуваат ама баш ништо и никогаш нема емотивно да се врзат.Со жените кои ги сакаат, како што наведуваат, имаат друг вид на секс, на некое друго ниво.
Пет мажи ја открија разликата меѓу овие два вида жени:
1. Мојот интерес за секс со жената која ја сакам не престанува. Кога се во прашање оние кои само сексуално ме привлекуваат, можам само еднаш да спијам со нив и тоа е тоа. Не чувствувам ама баш ништо по сексот, уште повеќе, чувствувам празнина, додека со жената која ја сакам тоа никогаш не се случува.
2. Со жената која ја сакам разговарам. Со онаа со која имам само секс обично немам толку заеднички интереси и не се внесувам во длабоки разговори со неа. Едноставно не ме интересира на тоа ниво. Не градам однос со неа, а и штом ја доживувам само како сексуален предмет, не ни сакам да градам нешто повеќе.
3. Со жената која ја сакам сум понежен во кревет. Емоциите не ми дозволуваат кон неа да се однесувам како да е глумица од порно филм. А со девојките со кои само имам секс ми е само таков вид на однос во главата.
4. Жената со која само спијам ќе ја побарам само кога ми треба секс. Никогаш со неа нема да отидам на кафе или на друго место. Таа за мене само тоа претставува.
5. Кога сум со жена со која само спијам, не ме интересира дали се гледа со некој друг, немам чувство на љубомора, ниту ми е гајле дали ќе се гледаме или не.Со жените кои ги сакаат, како што наведуваат, имаат друг вид на секс, на некое друго ниво.
Пет мажи ја открија разликата меѓу овие два вида

Пронајдете не на следниве мрежи: