Пет случаи на киднапирање кои влегоа во историјата

Прочитајте ги вистинските животни приказни на овие деца и возрасни1971 – Kyoko Chan Cox
Kyoko Chan Cox била единствената ќерка на јапонската актерка, активистка и писателка Yoko Ono и нејзиниот втор сопруг Anthony Cox.
Во 1971 година, кога Cox живеел со неговата втора сопруга на островот Мајорка во Шпанија, Yoko Ono жестоко се борела за своите права за посета на нивната ќерка. Cox се плашел дека еден ден Ono ќе го задржи нивното дете.
Заедно со Kyoko, Cox и неговата втора сопруга се преселиле во Los Angeles, каде станале евангелски Христијани. Тие тогаш се приклучиле на секта поврзана со мистицизмот.
Cox се разочарал од сектата во 1977 година и ја напуштил. Поради тоа Kyoko била запишана во средно училиште под името Ruth Holman. Cox се исплашил дека лидерите на сектата ќе ја киднапираат за да го спречат неговото заминување, па поради тоа ја отпишал од училиште и повторно избегале.
Ono најмила детективи и се обидела да стапи во контакт со нејзината ќерка преку песни (“Don’t worry Kyoko”). Таа изјавила дека губењето на нејзината ќерка било премногу болно и секогаш чувствувала празнина во нејзиното срце.
Во 1994 година, дваесет и три години по киднапирањето Kyoko ја побарала својата мајка. Kyoko се омажила во 1992 година за успешен адвокат. “Кога Kyoko конечно се појави, бев во целосен шок, почувствував дека се врати оној дел што ми недостасуваше“ – објаснува Ono.

 
1974 – Patty Hearst
Patty Hearst била внука и наследничка на William Randolph Hearst и била киднапирана од милитантна левичарска група.  Кога Hearst ја отворила вратата од станот кој го делела со свршеникот, киднаперите одеднаш упаднале во станот. Нејзиниот свршеник бил удрен со шише од вино, а неа киднаперите ја турнале во багажникот на автомобилот со врзани очи и ја однеле далеку.
Таткото на Patty донирал 2 милиони долари за храна во регионот во кој живееле киднаперите, но, не ја ослободиле. Според Patty, ја чувале во плакар со заврзани очи и ја принудувале да има секс со мажите од групата.
Неколку недели подоцна, таа се јавила кај своето семејство да каже дека се приклучила во групата на киднаперите и дека нејзиното ново име е Tania. Hearst и нејзините колеги биле уапсени за ограбување на банка во San Francisco. Таа сега вели дека мозокот и бил испран од страна на киднаперите и страдала од синдромот Stockholm, состојба во која се развива восхит кај заложниците кон нивните киднапери.

 
1991- Jaycee Lee Dugard
Kaj неа никогаш не се развил синдромот Stockholm, иако останала во заложништво осумнаесет години и имала две деца од киднаперот, од кои првото го родила кога имала само четиринаесет години. Таа бил киднапирана на улица од страна на познатиот киднапер Phillip Garrido и неговата жена Nancy.
Garrido ја преименувал во Alissa и ја чувал во звучно изолирана кутија во неговиот двор, каде што имал посебен дел за да ги скрие жртвите од надворешен контакт.
Нејзиниот идентитет бил откриен кога била заедно со Garrido на сослушување од страна на офицерот за условно.
Во 2009 таа била вратена кај нејзиното семејство. Подоцна таа ги судела државните органи заради тоа што не била спасена порано и била наградена со дваесет милиони долари.

 
1996- Amber Hagerman
Amber била киднапирана во јануари, додека со нејзиниот брат се возеле со велосипед. Сведок кој живеел во близина го слушнал вресокот на Amber и видел како маж присилно ја турнал во комбе. Четири дена подоцна, нејзиното тело било пронајдено во поток неколку милји подалеку од местото каде што била киднапирана. Била гола, со само еден чорап и потокот ги избришал сите докази кои би можеле да сведочат за човекот што ја убил.
Полицискиот оддел кој бил задолжен за случајот на Amber, помогнал да се основа Amber Alert, алармантни известувања на јавноста за исчезнати деца под 18 години за кои се претпоставува дека се во опасност.
Мајката на Amber, изјавува “Отсекогаш велев дека ако Amber Alert спаси еден детски живот ќе бидам задоволна, и сум, само посакувам да имаше нешто вакво кога Amber исчезна“.

 
2002 – Elizabeth Smart
Elizabeth била киднапирана кога имала четиринаесет години, а останала во заложништво девет месеци. Откако киднаперите биле видени како се шетаат со неа, биле уапсени во 2003 година, благодарение на сведочењето на мајката на Elizabeth и нејзината помала сестра која била сведок.
 1971 – Kyoko Chan Cox
Kyoko Chan Cox била единствената ќерка на јапонската актерка, активистка и пи

Пронајдете не на следниве мрежи: