Пет знаци дека сте под ОГРОМЕН стрес!

Стресот за жал е многу честа болест на денешницата,а луѓето кои се изложени постојано се загрижени,оптерени и се чувстуваат како да се болни.Стресот го влошува нашето телесно и ментално здравје,што е неизбежна реакција на нашиот организам на стресните ситуации.
Иако повеќето луѓе јасно можат да разликуваат кога се под зголемен стрес,некои сепак ја негираат таа состојба.
Стручњаците истакнуваат како постојат две категории стрес: акутен и хроничен. Хроничниот стрес е многу опасен бидејќи нашиот организам не може да се носи со преголемите притисоци подолго време,што доведува до ослободување на хормонот на стрес,вклучувајќи и кортизол.
Овие хормони предизвикуваат дебелеење и можат да причинат болести на срцето,висок холестерол,дијабетес,депресија и други смртоносни болести.
Денес дури околу 77% од американците за себе велат како чувствуваат физички симптоми причинети од стресот.
Пет знаци на стресот:
1.Главоболка
Многу главоболки се предизвикани од напнатоста што ја чувстуваме во вратот,рамениците,грбот или ако несвесно во сон шкрипиме со забите.
Целиот стрес кој го чувствуваме на работа се концентрира околу вратот и рамената што предизвикува главоболка.
2.Болки во грбот
Понекогаш е тешко да се утврди разликата меѓу болките во грбот предизвикани од стрес и болки по тренингот.Нервниот систем на нашето тело активира свој одговор,а тоа се болки во грбот.Крвта испратена во главните групи на мускули ја зголемува напнатостата на мускулите.Ако не се истегнете,нема да се решите од чувството на болка во грбот.
3.Акни
Мислите дека акните се само последица на нездравата прехрана од минатиот викенд? Можно е,но бурната реакција на лицето може да биде и резултат на силен стрес на кој што сте изложени.Кортизолот кој е задолжен за стресот е кривец за непожелните акни.
4.Постојано сте болни
Ако често ве мачат настинки и грип,причина за тоа е лошата прехрана или стрес. Имено,стресот го ослабува имунолошкиот систем и ја зголемува количината на кортизолот што ја слабее активноста на нашите телесни функции.Долготрајната изложеност на стрес е многу штетна по здравјето,покажаа многу истражувања.
5.Се потите
Реакција на стресот е и потење,а некои научници велат дека причина за тоа е многу одбоен.Се работи за еволуциска улога во која се  праќаат сигнали на предупредување на луѓето околу нас.Потењето во текот на вежбањето и потењето од стрес настануваат многу различно.Имено,потењето од стрес е предизвикано од апокрината жлезда која активира адреналин кога сме во некоја опасна ситуација.Стресот го влошува нашето телесно и ментално здравје,што е неизбежна реакција на нашиот организам на стресните ситуации.
Иако повеќето луѓе

Пронајдете не на следниве мрежи: