Петар Горко: Немате право да ни го одземете она што не можете да ни го дадете!

Никој нема право – ниедна партија нема право- да преговара за идентитетот, суверенитетот, јазикот, името, историјата, во име на некаква иднина, без притоа да не биде прашан македонецот – на референдум, напиша на ФБ Петар Горко, актер во Битолскиот театар и македонски поет.„Нема право!Никој нема право да не навредува затоа што сме одлични во својата професија – актери, спортисти, пеачи, уметници, граѓани.Никој нема право да не навредува затоа што Македонија е нашиот единствен дом и затоа што ја сакаме бескрајно.Никој нема право – ниедна партија нема право- да преговара за идентитетот, суверенитетот, јазикот, името, историјата, во име на некаква иднина, без притоа да не биде прашан македонецот – на референдум.Нема право никој да не срамоти пред целиот свет, каде ние години се трудиме да ја покажеме својата култура, традиција, спорт.Немате право да ни го одземете она што неможете да ни го дадете!Нема право никој да го критикува мојот пост затоа што мисли поинаку, секој нека си го напише на својот ѕид.Никој нема право да ме нарекува лажен патриот, затоа што не знае која е мојата историја , на моето семејство и целата фамилија.Никој нема право да ми се меша дома. Јас го имам целото право на овој свет да го живеам животот што ми е даден, да размислувам јас како што сакам, да творам колку што сум талентиран и цврсто на нозе да ги бранам моите ставови.За секого има место на овој свет, но одземањето на правото на другиот да живее во својот дом е бескрајна перверзија во 21 век.Имам право да те сакам и секогаш ќе те сакам,моја Македонијо!“ – пишува Горко на статусот на ФБ.
„Нема право!Никој нема право да не навредува затоа што сме одлични во својата професија – актери, спортисти, пеачи, уметници, гра

Пронајдете не на следниве мрежи: