Петчлено семејство беше убиено поради настан кој е стар 28 години!

Во Пакистан се случува да се фрлаат жени на бесни кучиња да ги растргнат, унаказуваат, живи да ги спалуваат и да се полеваат со киселина затоа што гледале низ прозорец, пееле, носеле панталони или се омажиле поради љубов.Една 60-годишна жена, нејзиниот сопруг и нивните три деца со секира беа убиени од страна на останатите членови од семејството.
Биле убиени две девојчиња и едно момче, а четвртата ќерка која има 18 години, била ранета при нападот и ги идентификувала убијците како припадници од семејството на нејзината мајка. Таа раскажала дека овој чин се случил бидејќи нејзината мајка пред 28 години се премажила за роднината кој многу го сакала.

Wife, husband, three kids axed to death in #Pakistan by woman's family in revenge for couple marrying 28 years ago.Um https://t.co/k7A0J66xUN
— Mehreen Zahra-Malik (@mehreenzahra) December 10, 2014

Четири членови од семејството на Фатима дошле од Исламабад со ножеви и секири.
Инаку, во Пакистан дневно се случуваат по неколку „убиства од чест“. Таквите случаи често се истражуваат и ретко им се суди на сторителите, но дури и тогаш со закон им е дозволено на најблиските роднини да им простат на убијците.
Во 2013 година, во медиумите беа објавени вести за вкупно 869 убиства од чест, тврди пакистанската Комисија за човекови права, меѓутоа, вистинскиот број е многу поголем затоа што поголем дел од случаите остануваат непријавени, наведува „Ројтерс“.Една 60-годишна жена, нејзиниот сопруг и нивните три деца со секира беа убиени од страна на останатите членови од семејството.
Биле убиени

Пронајдете не на следниве мрежи: