Петир ги покани гневните Грци во групата „Пријатели на Македонија“

Создавањето на неформалната група „Пријатели на Македонија“ во Европскиот Парламент, предизвика остри реакции кај грчките претставници кои изјавија дека вратата на ЕУ е затворена за нашата земја.Иако конститутивното име на нашата земја е признаено од страна на повеќето земји-членки на ЕУ, спорот со името со Грција го блокира членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Неформалната група „Пријатели на Македонија“ за прв пат беше формирана во претходниот мандат на Европскиот парламент (2009-2014).
Во групата членуваат претставници од повеќе политички групи кои ја поддржуваат идејата за евроинтеграција на Македонија.
Маријана Петир, членка на Европскиот парламент, ја презеде иницијативата повторно да се активира групата – потег кој предизвика незадоволство кај нејзините грчки колеги во ЕП.
Петр за „ЕурАктив“ даде изјава дека ЕУ „мора официјално да започне преговори со Македонија за членство“, веднаш откако ќе биде оценето дека земјата е подготвена за тоа.
„Цврсто верувам дека тоа наскоро ќе се случи“ – потенцираше таа, додавајќи дека сите досегашни извештаи даваат резултати дека Македонија бележи континуиран напредок.
Како по обичај, Грците пратија писма со поплаки до Претседателот на ЕП, Мартин Шулц.
Тие ја обвинија Петир дека ги поткопува веќе постоечките преговори за спорот со името во рамките на ОН.Иако конститутивното име на нашата земја е признаено од страна на повеќето земји-членки на ЕУ, спорот со името со Грција го блокира членството на Р

Пронајдете не на следниве мрежи: