Петровски: СДСМ изврши геноцид врз Македонците во Кичево, Струга и Скопје

Директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски, во интервјуто со ТВ Нова даде појаснување за територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Петровски објасни дека по долготрајно истражување, експертите од архивот дошле до документи за кои што сметаат дека се од голема важност да бидат објавени во јавноста.
-Документите ја откриваат вистината за Кичево и Струга, како и на Скопје. Во 2004 година имаше многу контроверзи за големата територијална поделба кога Кичево, Струга и Скопје механички беа зголемени и со тоа беше извршена етничка промена на населението во овие градови – рече Петровски.
Тој појасни дека Кичево и Струга буквално биле дадени на Албанците како градови, со цел да се даде поголема поддршка за претседателскиот кандидат на СДСМ.
СДСМ во 2004 година ги продаде Кичево и Струга, а Заев сега заговара федерализација на државата
-Некој со пенкало во раце ги пречкртал Кичево, Струга и Скопје по водење на тајни преговори. И со Скопје се случи истата ситуација, додадени се рурални општини со цел да се промовираат 20% од етничко население за да се бара двојазичност, но тоа е далеку од вистината. Со таква комбинаторика се изменети етничките состави на Кичево и Струга, кои од чисто македонски градови станаа зависни од селата во кои преовладува албанско население – рече тој.
Објавените документи директно покажуваат како се одвивала трговијата со територии меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ во периодот пред референдумот и сведочат за начинот на кој СДСМ планирал како да се испазари за поддршката од Албанците на тогашните претседателски избори на сметка на илјадници македонски граѓани од Струга и од Кичево, кои беа директно засегнати од катастрофалната територијална поделба.
Интересно е да се забележи дека во белешките за трговијата со македонски територии меѓу владините партнери е запишано дека владата на СДСМ со Шекеринска самата нуди неприродно прекројување на границите на штета на Македонците.
Погледнете го интервјуто во целост:

Пронајдете не на следниве мрежи: