Петровски: Веруш е константа кога мислиме на антидржавно криминално однесување

Криминалното лице на СДСМ никако не може да се сокрие од очите на јавноста и покрај многуте малверзации, манипулации и пред сѐ глума пред камерите на нивните медиуми и странските пријатели.Доволно е само да се рече дека нивните приврзаници ненадејно добија покачувања на плати и функции благодарение на партиските книшки, додека: „стоките“, „овците“,  „говедата“ и „ненормалните“ – бидејќи цел народ го ставаат во ист кош, во нивната борба за „демократска и слободна Македонија“ ги водат нивните валкани битки за фотелја.
Истата демократија се применуваше и во 2005 година.
Мафијашките редови на Социјалдемантирачкиот сојуз на Македонија по 10 години добро го научија занаетот.
Во ноември/декември 2005 година, неделникот Фокус отвори афера со презентација на фотокопија, документ на кој се наведени броеви на сметки и име на носител на сметката во швајцарска банка со кои Фокус тврдеше дека претседателот на СДСМ, односно претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, има на сметката 12 милиони долари.
На 10 декевмри 2005 година, Вечер објави изјава на Црвенковски дека не постои таква сметка и дека бара потврда од наведената банка во која се наоѓале парите. Во целиот скандал беше вовлечено и името на обвинителот Прчески.
Тој одби да отвори истрага со орпавдување дека кривичното дело претставува најобична клевета и дека Црвенковски ќе треба самиот да поднесе тужба против Фокус и авторот на текстот.
Тужбите беа поднесени, а тужителите Бранко Црвенковски и Хари Костов добија исплата од 50.000 од Фокус и Никола Младенов.
Во истиот текст на Вечер беше објавена и изјава на Радмила Шеќеринска, која и по основ на гласини даде изјава: „Јас денес не можам да излезам и да обвинам било кого за корупција или за пари кои ги имаат или немаат. Тоа само по себе не е афера. Афера ќе биде тогаш кога ќе се докаже. Работата треба да с етера до крај, но, на крајот некој треба да има одговорност за така кажаниот збор“.
Тогаш, по што денес се разликуваат бомбите на Заев?
И тогаш се провлекуваа натписи дека зад аферата стои некогашниот директор на ДБК, Зоран Верушевски.
Криминалниот чин на Верушевски веројатно потекнува од фактот дека тој не бил поставен за министер за внатрешни работи по победата на СДСМ на изборите во 2002 година, иако му било ветено. Втора работа е што Црвенковски не сакал да влија да се ослободи неговиот проблематичен син Александар Верушевски од  ниа кривични дела: обид за убиство, изнуда, насилство, пукање, газење човек.
Беше снимен и разговорот помеѓу Зоран Верушевски и јавниот обвинител Александар Прчески, но успшено се заташкани сите документи за таа средба и содржината на нивните разговори.
Истиот обвинител одбил да отвори истрага против Александар Верушевски и ургира кај Црвенковски да му даде помилување.
По многубројните притисоци и уцени, тој успева да го добие посакуваното. Ова се случува поради уцените дека ќе настане хаос во државата. Лажејќи ја јавноста, тој даде изјава дека неговиот проблематичен син е невин и добива помилување во октомври 2007 година.
Неговите криминални дејствија се бројни, а да не го споменуваме и антидржавното однесување.
По тој повод се огласи и Директорот на Државниот Архив на РМ, д-р Филип Петровски којшто на својот Фејсбук профил објав дел од насловните страници кои пред точно 10 години ги упатија граѓаните во криминалните дејствија на опозицијата која и денес според истите, но усовршени методи, на ист апашки систем сакаат да ја разорат државата:
 

29.12.2005 (пред 10 години) мафијашот од редовите на СДСМ најавува хаос. Веруш е константа кога мислиме на антидржавно криминално однесување. Сега му се придодадени само извршителите Катица и Заев
Posted by Filip T. Petrovski on Wednesday, December 30, 2015

Доволно е само да се рече дека нивните приврзаници ненадејно добија покачувања на плати и функции благодарение на партиските книшки, додека: &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: