Петровски: ВМРО повторно ќе победува, затоа што ВМРО е македонскиот народ

„Црните страници на УДБА“ буди чувство на средба со македонската историја и стремеж за слобода и сопствена држава. Стремеж скапо платен. Стремеж до сега сокриен. Ѕверства оправдани со скапа странска пропаганда. Сѐ со цел да заборавиме. Да се срамиме од самите себеси. Да сметаме дека не сме достојни, дека сме мали, дека сме небитни. Сепак, не е така. Нашата историја познава, запаметила големи Македонци.„Она што го учевме во школите од 1945 година наваму, е лажен приказ. Овие 13.500 страници не се прилог кон ревизија на македонската историја. Ова е вистинската македонска историја. Секој оној којшто бил на линија за Македонија како независна држава, за Македонија која што има и други делови, бил ставен на отстрел, бил уништен неговиот живот, луѓе биле уништувани, како и деца, цели семејства и повеќе генерации. Некој сакаше овие страници да останат засекогаш заклучени и заборавени во Државниот архив“ – вели во говорот во велешкиот театар Филип Петровски.
Тој посочи дека при неговото доаѓање во Државниот архив, основната мисија му била да ги отвори овие чувани документи за пошироката јавност, за да се даде посебен печат на еден мачен и тежок период во македонската историја.
Петровски се осврна на дел од содржината на „Црните страници на УДБА“ кој се однесува на главната причина за миграциите на македонското население.
„Ако навлезете во материјалите, ќе забележите дека од 1945 година е расчистено на еден брутален начин со сите коишто биле за Македонија, па ако ја гледате македонската емиграција за која ни велеа дека е економска миграција, дека тоа биле прости луѓе коишто емигрирале, дека немале што да јадат и дека затоа избегале, се лажете. Македонската историја треба да доживее целосна ревизија.“
Истакнувајќи ги приказните кои редовно се пласираа по распадот на Југославија, а кои ги опфаќаат констатациите дека тешкиот период е зад над и дека незаконските следења и прислушувања на македонски граѓани кои се за слободна и независна Македонија се минато, Петровски јасно ја поставува граница помеѓу лагите и вистината.
„Денеска непријателите на македонското револуционерно дело бараат да се избрише префиксот ВМРО затоа што на тој начин ВМРО-ДПМНЕ стекнувало предност, односно го злоупотребува историското наследство на сите Македонци.
Јас имам еден друг предлог – ако продолжат да бараат да се брише префиксот, ние ќе побараме да се избрише суфиксот, односно да се брише вториот дел од името на ВМРО-ДПМНЕ и да се прекрстиме чисто во името ВМРО.“
Како што понатаму вели Петровски, оправданието на ваквиот предлог е што УДБА и понатаму продолжила да работи против Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.
„УДБА видела дека сите борци од 1945 година и нивните семејства, нивните потомства и сите оние што останале живи, во 1990 година влегле во ВМРО-ДПМНЕ. Нормално им беше на оние коишто биле супресирани цели 45 години, да дојдат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и својот израз да го најдат таму. И ниту една партија не може да победи за 3 месеци, како што тоа го стори ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година.“
Со овие аргументи, Петровски објасни дека ВМРО-ДПМНЕ е историско продолжение на ВМРО и дека затоа УДБА продолжила со следење на членовите сѐ до 2000-та година.
Петровски порача:
„Рацете настрана од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ќе ја прекрстиме партијата само во ВМРО и тогаш ќе ви биде јасно дека континуитетот и сѐ правите, ништо нема да ви помогне. ВМРО повторно ќе победува, затоа што ВМРО е македонскиот народ.“
„Она што го учевме во школите од 1945 година наваму, е лажен приказ. Овие 13.500 страници не се прилог кон ревизија на македонската историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: