Петровски за Алфа: Поставувањето на непознат човек како директор на Државниот архив е план на СДСМ за да ги спроведува понатамошните операции

Бев променет додека бев на одмор што значи незаконски сум променет од директорската позиција од Државниот архив на Македонија и во интерес на јавноста можам да кажам дека воопшто не одев преку механизмите на државата оти не само архивот се западнати и поседнати и инспекторатите и на тој начин се врши контрола и злоупотреба на тие институции, изјави Филип Петровски во вестите на телевизија Алфа.
– Оставам на јавноста да суди, бидејќи не е во прашање Филип Петровски како човек, туку што понатаму се случи, помалку од недела дена после промената се сменети над 20 раководители или луѓе кои што беа во мојот тим, а тоа не се партиски луѓе. Тие луѓе се сменети без образложение и не се повикани ниту на разговор, а тоа се ја покажува режимската структура во Архивот и затоа е доведен човек од СДСМ кој што дава директиви кој ќе биде отстранет, со тоа Архивот е сведен на една институција која што е небитна и која што во процесот на потпишување на договори со државите нема да излезе со документи со спротивното дека Македонија има своја псоебност и историски поткрепено таа постои и пред 1944 година, потенцираше Петровски.
Тој истакна и дека операцијата на СДСМ да се постави човек кој што никој не го знае е за да може да ги спроведуваат посериозните операции без да имаат пречки внатре во системот.

Пронајдете не на следниве мрежи: