Петровски за РСМ: Заев со странска помош се обиде но не успеа да изврши државен удар!

Во денешното редовно издание на општествено-политичкиот магазин Концепт со Ина, авторката и водител на емисијата д-р Иванка Додовска дебатираше со директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски.Во емисијата Додовска и Петровски дискутираа за актуелната политичка состојба во државата, за искуствата и видувањата на Петровски за причините кои го раскинуваат македонското национално ткиво, за огромниот концептуален јаз помеѓу левицата и десницата во Македонија, како и за големиот број на надворешно-политички притисоци кои евидентно имаат негативен одраз врз зачувувањето на целовитоста на унитарниот карактер на Република Македонија.
Во текот на разговорот, Петровски истакна дека: „Мошне е јасно дека под закрилата на некакви борци за човекови права, ЛГБТ движење и други слични активности, всушност се кријат двигателите на немилото сценарио за разнебитување на македонското државно и национално единство“.
Во однос на прашањето за причините за таквиот пристап, Петровски истакна дека: „Одговорот најдобро можеме да го најдеме ако се потсетиме на настаните од мај, оваа година, кога лидерот на опозицијата Заев со странска помош се обиде и не успеа да изврши државен удар во Република Македонија“.
Извор: rsm.mkВо емисијата Додовска и Петровски дискутираа за актуелната политичка состојба во државата, за искуствата и видувањата на Петровски за причините кои

Пронајдете не на следниве мрежи: