Пијанистката Огненка Герасимовска со хуманитарен концерт во Нирнберг

Македонската пијанистка Огненка Герасимовска за време на новогодишните празници одржа хуманитарен концерт во Нирнберг во организација на истиот градот.Герасимовска, на концертот што го одржала во големата концертна сала на Нирнберг, ги извела првиот и последниот опус на композиции од германскиот композитор Јоханес Брамс.
Победничка на повеќе меѓународни натпревари, Огненка Герасимовска дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Борис Романов, а моментно е запишана на докторски студии на истиот факултет, под менторство на угледниот педагог Волфганг Манц од Академијата за музика во Нирнберг.

Инаку, сите приходи од продажбата на билетите за концертот, Герасимовска ќе ги донира во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.
Скопје и Нирнберг се збратимени градови, а ова е прв хуманитарен концерт од ваков вид.Герасимовска, на концертот што го одржала во големата концертна сала на Нирнберг, ги извела првиот и последниот опус н

Пронајдете не на следниве мрежи: