Пионери, пионерки, кодоши и партиски ѕверки

Следам, голем вознемир се крена околу лустрацијата на Славко Јаневски. А јас ете, уште пред една година во колумна ја прашав владата, што мајка бара споменик на Славко Јаневски во центарот на градот, кога на негово место треба да стојат спомениците на Стале Попов, Петре М. Андреевски, Живко Чинго, пишува писателот и еден од креаторите на „Еднооки“, Александар Русјаков на својот Фејсбук профил.
Секако дека наведов причина зошто му се исчудувам на поставениот споменик. Прашајте ги во семејството Солеви, прашајте ги живите роднини на Рацин (генијот што беше убиен по наредба на Страхил Гигов и Лазо Колишевски), па да ви соопштат како во 1945 година другарот Јаневски во придружба на агенти на тајната полиција, влегле во домот на Коста и насила собрале сè што поетот оставил дома напишано, за потоа истите тие писанија да исчезнат на чуден начин. Ќе ми речете, такво било времето.
Аха, океј, такво било, насила се влегувало по куќи, ама дали и салиерштината била заштитен знак на тоа време, оти другарот Јаневски се истопори како прв македонски романописец со својот плагијат „Село зад седумте јасени“, плагијат на романот „Разорна ледина“ од рускиот автор Михаил Шолохов , за сметка на романот „Крпен живот“ од Стале Попов кој напишан морал да чека издавање само заради тоа што моќниот Славко требало да се напика во македонската книжевна историја.
Еве, сега гледам и трета причина зошто неговиот споменик штрчи непотребно во центарот на градот. Кодошел човекот свои колеги и пријатели и баш би сакал да видам колкумина од оние писатели што сега лелекаат по него му биле собраќа по тајна служба.
А во светот ете, генијалците Кнут Хамсун и Езра Паунд лежеа затвор за својата подршка на фашизмот, Гинтер Грас сам клекна пред јавноста да признае и да бара прошка затоа што бил есесовец, генијалниот Милан Кундера на живо беше избрукан затоа што упропастил еден човечки живот кодошејќи го на чешките тајни служби. Поентата е што гревовите на Хамсун, Паунд, Грас и Кундера не ја намалуваат нивната уметничка генијалност, како што ни лелекот по Славкота не можа од неговата просечност да направат генијален автор.
Александар Русјаков
извор:курир.мкСледам, голем вознемир се крена околу лустрацијата на Славко Јаневски. А јас ете, уште пред една година во колумна ја

Пронајдете не на следниве мрежи: