Пионерите на Металург подобри од Вардарци

Пионерите на Металург, жестоко му се спротиставија на фаворизираниот гостински тим ВардарФантастична ракометна претстава прикажаа пионерските тимови на Металург и на Вардар. Видовме вистински првенствен натпревар, во кој победникот беше решен во последната минута од средбата.
Пионерите на Металург, кои во просек се две до три години помлади од тие на Вардар, жестоко му се спротиставија на фаворизираниот гостински тим, а на крајот и го совладаа со резултат 18:17 (5:8).
Иако првото полувреме помина во постојано водство на Вардар, а заврши со резултат 5:8, ракометарите на Металург не се предадоа и со блескава игра во вториот дел направија целосен резултатски пресврт. Во 30-та минута поведоа со резултат 11:10, а во 35 минута и со 15:13. До крајот на средбата, Вардарци се обидуваа да се вратат во игра, но за тоа немаа доволни сили.
Победата на младите ракометари е чиста како солза, а се должи на извонредната колективна игра во одбраната и во нападот. Заслужен е целиот тим, но најефикасен беше Димитар Ристовски, кој постигна 9 гола.

 
Оваа победа е трет по ред успех на ракометарите на Металург, кои пред само неколку месеци беа селектирани од и избрани од ракометните школи.
Натпреварот заврши со резултат: Металург – Вардар  18:17 (5:8)
Металург: Богдановски, Тодоров, Николовски, Ангеловски 3, Меловски 1, Кофиловски, Новокмет, Божиновски, Јовановски, Максимовиќ, Митиќ 2, Петревски, Ристовски 9, Василевски, Серафимов 3 и Стојановски.         Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 4 минути.
Вардар: Куртановиќ, Антевски, Јовановски, Босилковски, Краљевски, Амзоски, Шонтевски, Стоилевски, Димитриовски, Стојановски, Н.Стојановски, Давчев, Дамчевски, Петровски, Апостоловски и Владимиров.         Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 10 минути.Фантастична ракометна претстава прикажаа пионерските тимови на Металург и на Вардар. Видовме вистински првенствен натпревар, во кој победникот беше

Пронајдете не на следниве мрежи: