петок, 27 ноември 2026
Најново

Пиперката ви овозможува да го зајакнете имунитетот, да го хидрирате телото

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пиперката ви овозможува да го зајакнете имунитетот, да го хидрирате телото и да ги победите настинките. Наместо да пиете лекови, „сојузниците“ за зајакнување на телото побарајте ги во сезонските овошја и зеленчуци. Нашиот совет е пиперката.

Свежа, жолта, зелена, црвена, бабура или лута, секоја е добредојдена во одбрана на здравјето. Богата е со витамин Ц, најдоброто оружје против вирусите и го содржи во двојно поголема количина отколку лимонот или портокалот. Освен тоа, го стимулира дотокот на кислород во клетките и ги зајакнува крвните садови, па на тој начин ја подобрува општата слика на организмот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Пиперката е делотворна и во лекувањето на авитаминоза, алергии, анемија, астма, артеросклероза, ангина пекторис, дијабесет…

Таа го подобрува апетитот, а при тоа и ја поттикнува работата на желудникот. Правот од лутата црвена пиперка се користи за лечење на пореметувања во варењето и за хемороиди.

Содржи доста калиум, на кого му се препишува диуретското и антиканцерогеното дејство.

Пиперката позитивно влијае на површинската капиларна циркулација, благодарение на состојката ситрин, која влијае на елестичноста и пропустливоста на капиларите. Затоа, пиперката се користи и за лекување на атеросклероза.

Верувањето во афродизијачкото својство се темели на влијанието на пиперката на циркулацијата. Таа ја забрзува циркулацијата во телото.

Поради ниската калориска вредност, се препорачува и во менито на оние кои држат диети, а токму на нив ќе им помогне лутата пиперка, која го забрзува топењето на мастите. Овој вид на пиперка, сепак е и моќен афродизијак.

Поврзани вести